Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск изјави дека бранот бегалци кон Европа се користи од некои странски држави за да биде ослабната политички Европската унија.– За првпат откако сум во политиката, слушнав политичари да велат дека бегалците што се движат кон Европа се со цел да и наметнат на Европа одредено однесување, наведе тој во изјава на европски форум во полскиот град Сопот.– Некои велат дека тоа е нивниот метод да ја ослабнат Европа како политички орган, вели Туск.
Претходно тој ги критикуваше воените решенија од некои држави за Сирија, кои според него создаваат опасност да ги натераат внатрешните бегалци кои се околу осум милиони, да ја напуштат државата.
– Бегалците станаа елемент од политичка конфронтација и понекогаш за некои политичари тие се елемент за пазарење или дури и нов елемент на хибридна војна. Такви први признаци видовме во Крим и во Источна Украина, потенцира Туск.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



