| четврток, 6 декември 2018 |

Документите на „Штази“ исецкани на повеќе од половина милијарда парчиња хартија

Повеќе од половина милијарда парчиња хартија кои ги содржат деталите за активноста на поранешната тајна полиција на Источна Германија. Министерството за државна безбедност, подобро познато како Штази, користело мрежа агенти за да собира информации за речиси секој државјанин на Источна Германија, за ја елиминира секоја можност за дисидентство во државата.

По колапсот на комунистичкиот режим пред речиси 25 години, агентите на Штази се обиделе во паника да ги уништат сите докази за работата на тајната полиција на тоталитарниот режим, но машините за уништување хартија не успевале брзо да ги уништуваат огромниот број документи, додека проценката била дека другите опции како палењето или фрлањето во река, би привлекле премногу внимание.

Тие се обиделе да ги исецкаат и запалат досиејата но создале толку голема архива, која не можела да биде уништена со конвенционални методи. Затоа започнале да ги уништуваат рачно и да ги ставаат во торби, со цел конечно да ги уништат подоцна, вели историчарката Јулијана Шутерле.

Агентите на Штази исецкале околу 48 милиони страници со кои наполниле над 16 000 вреќи. Заедно со досијеата кои тајната полиција не успеала да ги уништи, а зафаќаат површина од речиси 112 км, овие документи претставуваат огромен, но веројатно нецелосен каталог за страотната репресија која траела повеќе од 40 години.

По обединувањето на Германија , 1990-тата година, била донесена одлука тие не само да бидат зачувани туку и достапни за сите оние кои би сакале да ги видат своите досијеа, како начин луѓето да се помират со минатото во кое биле шпиунирани од нивните соседи, пријатели па дури и роднини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top