Мерјем Узерли, која на домашната публика ѝ е позната како султанката Хурем во турската серија „Величествениот“, по завршувањето на серијата ги смени изгледот и стилот, пишува „Убавина и здравје“. Актерката неодамна сними моден едиторијал во кој се претстави во сосема ново светло.
Актерката со турско потекло, родена и израсната во Германија, дојде во центарот на вниманието поради добрата глума, но и поради драмата што ѝ се случи во приватниот живот. Бурната врска со турскиот бизнисмен Кан Атеш, со кој ја доби ќерката Лара, се претвори во борба за старателство. Мерјем ја доби таа битка, а со малата Лара најмногу време поминува во родната Германија. Најде и нова љубов, колега од споменатата Тв-серија Озен Гувен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.