| четврток, 6 декември 2018 |

Не очекував да видам солзи на премиерата

Не мо­же­те ни­што да про­ме­ни­те ако не на­у­чи­те да го при­фа­ти­те. Тоа што од­би­ва­те да го при­фа­ти­те и по­на­та­му ќе ве сле­ди. Ако тоа што го гле­да­те ви е не­при­јат­но или не­ко­ја лич­ност ја сме­та­те за не­га­тив­на, то­гаш вие са­ми­те не сте фо­ку­си­ра­ни на по­ви­со­ко ни­во на по­сто­е­ње, ве­ли во ин­тер- в­ју за „Ре­пуб­ли­ка“ ре­жи­се­рот Пи­пер­ков­ски

На Ин­тер­на­ци­о­нал­ни­от фе­сти­вал на филм­ска ка­ме­ра „Бра­ќа Ма­на­ки“ во Би­то­ла бе­ше при­ка­жан до­ку­мен­тар­но-игра­ни­от филм „Пос­лед­ни­от Ма­ке­до­нец – па­тот до истре­бу­ва­ње“, чиј­што ре­жи­сер е Или­ја Пи­пер­ков­ски.

Глав­ни­те уло­ги во фил­мот ги тол­ку­ва­ат Са­шко Ко­цев, Не­над На­чев, Сла­ви­ша Ка­јев­ски, Зо­ран Љу­тков, Ру­бенс Му­ра­тов­ски и Би­ља­на Дра­ги­че­виќ-Прој­ков­ска. Про­ду­цент на фил­мот е Сне­жа­на Лу­пев­ска – Со­зен, а из­врш­ни про­ду­цен­ти се Ог­нен Ан­тов и Вла­ди­мир Ана­ста­сов.

Фил­мот е исто­ри­ска дра­ма за кр­во­про­ле­ва­ња, раз­дел­ба на се­мејс­тва, мо­ќта на со­се­ди­те, жел­ба­та за уни­шту­ва­ње на Ма­ке­до­ни­ја, та­тко­ви­на рас­пар­че­на на мно­гу де­ло­ви и хе­рои со го­ле­ми пла­но­ви и со сил­на жел­ба да оста­нат на сво­е­то.

 

Posledniot-Makedonec-film-1

 

До­ку­мен­тар­но-игра­ни­от филм „Пос­лед­ни­от Ма­ке­до­нец“ ја има­ше сво­ја­та пре­ми­е­ра на Фе­сти­ва­лот „Бра­ќа Ма­на­ки“. Че­сти­тки за пре­ми­е­ра­та, ка­ко сте за­до­вол­ни од при­е­мот на фил­мот кај пуб­ли­ка­та?

ПИПЕРКОВСКИ: Ви бла­го­да­рам за че­сти­тки­те и за под­др­шка­та што ми ја да­ва­те. Да би­дам искрен, во ни­е­ден мо­мент не оче­ку­вав да ви­дам на­сол­зе­ни ли­ца за вре­ме и по про­ек­ци­ја­та на фил­мот. Со ог­лед на фа­ктот де­ка ста­ну­ва збор за еден од нај­те­шки­те пер­и­о­ди од ма­ке­дон­ска­та исто­ри­ја, ка­де што има­ло пре­дав­ни­ци на се­кој че­кор, убис­тва, па­ле­ње це­ли се­ла, ма­сов­ни еми­гра­ции прос­ле­де­ни со ег­зо­ду­си и со ге­но­ци­ди, лу­ѓе од иста фа­ми­ли­ја, во три раз­лич­ни вој­ски, бор­ба еден про­тив друг… Си­те овие ра­бо­ти ја при­ка­жу­ва­ат оп­шта­та со­стој­ба во тоа вре­ме и ре­тко кој мо­же да оста­не рам­но­ду­шен отка­ко ќе ги пог­лед­не ва­кви­те слу­чу­ва­ња.

 

Да­ли по пре­ми­е­ра­та на фил­мот оче­ку­ва­те да се раз­бра­ну­ва­ат исто­ри­ча­ри­те во со­сед­ни­те зем­ји?

ПИПЕРКОВСКИ: Овој филм не е на­ме­нет са­мо за исто­ри­ча­ри­те, ту­ку за си­те. Мо­и­те фил­мо­ви не би мо­жел да ги де­лам и на­мен­ски да ги пра­вам за не­ко­ја одре­де­на гру­па лу­ѓе. Пла­ни­ра­ме да има ре­ги­о­нал­на, бал­кан­ска про­мо­ци­ја на фил­мот и се на­де­ва­ме де­ка фил­мот ќе би­де мо­тив за де­ба­та со ко­ја би ста­ви­ле крај на си­те сте­ги од ми­на­то­то што ни пре­чат на се­гаш­но­ста со не­ги­ра­ње­то на на­ша­та по­себ­ност и пра­во­то да би­де­ме тоа што сме. Не мо­же­те ни­што да про­ме­ни­те ако не на­у­чи­те да го при­фа­ти­те. Тоа што од­би­ва­те да го при­фа­ти­те и по­на­та­му ќе ве сле­ди. Ако тоа што го гле­да­те ви е не­при­јат­но или не­ко­ја лич­ност ја сме­та­те за не­га­тив­на, то­гаш вие са­ми­те не сте фо­ку­си­ра­ни на по­ви­со­ко ни­во на по­сто­е­ње.

 

Нас­ло­вот на фил­мот е „Пос­лед­ни­от Ма­ке­до­нец“. Да­ли овој филм ќе ни по­ка­же зо­што и ка­де сме згре­ши­ле?

ПИПЕРКОВСКИ: Фил­мот поч­ну­ва со ед­на мис­ла: „Го­ле­ма ци­ви­ли­за­ци­ја не мо­же да се освои од­над­вор сѐ до­де­ка не се уни­шти се­бе­си од­на­тре“. Со ова са­кам да ка­жам де­ка до­кол­ку не се на­у­чи исто­ри­ја­та, таа се по­вто­ру­ва ка­ко фар­са. И ток­му тоа се слу­чу­ва. На тие исти др­жа­ви, кои во 19 и во 20 век не ни доз­во­лу­ваа да соз­да­де­ме др­жа­ва со образ­ло­же­ние де­ка сме би­ле ма­ке­дон­ска са­ла­та, се­га им пре­чи на­ша­та на­ци­ја и са­ка­ат да нѐ пре­тво­рат во ма­ке­дон­ска са­ла­та. Зна­е­ме де­ка кај на­ши­те со­се­ди ни­ко­гаш не­ма да изу­мре иде­ја­та да го до­гра­бат тоа што оста­на не­до­граб­ано. Се­те­те се на де­но­ви­те по ак­ци­ја­та во Ку­ма­но­во, ко­га не­кои од на­ши­те со­се­ди рас­по­ре­ди­ја оруж­је на гра­ни­ци­те. Што ви ка­жу­ва тоа? Гре­шка­та е и во нас са­ми­те за­тоа што со на­ша доз­во­ла, а со нив­ни па­ри поч­на­ла бра­то­у­бис­тве­на­та вој­на пред 100 го­ди­ни. Но, нам ни оста­ну­ва со се­ко­ја но­ва ге­не­ра­ци­ја, во клуч­ни исто­ри­ски мо­мен­ти да се на­вра­ќа­ме на сво­и­те ко­ре­ни, да ги пре­о­це­ну­ва­ме исто­ри­ски­те про­це­си и на тој на­чин да ба­ра­ме од­го­вор на пра­ша­ња­та од де­неш­ни­на­та.

 

Posledniot-Makedonec-film-2

 

Ве­ли­те де­ка сон на се­кој ре­жи­сер е да сни­ма еп­ски филм, по­себ­но за те­ма што до­се­га ни­кој не ја обра­бо­тил ка­ко игран филм. Да­ли тоа зна­чи де­ка Вам Ви се ос­тва­ри со­нот?

ПИПЕРКОВСКИ: Те­жи­на­та и обем­но­ста на си­те исто­ри­ски те­ми се пре­диз­вик за се­кој ре­жи­сер што са­ка да сни­ма ва­ков филм за­тоа што за да се ра­бо­ти исто­ри­ска те­ма, долг е про­це­сот на под­го­то­вки, ка­ко на при­мер, од­би­ра­ње ма­те­ри­јал за ко­сти­ми, из­град­ба на сце­но­гра­фи­ја со автен­тич­ни мо­ти­ви од тоа вре­ме, уче­ње да се ја­ва­ат ко­њи, ра­ку­ва­ње со оруж­је, спе­ци­јал­ни ефе­кти… И се­то ова го пра­ви го­ле­ма еки­па, ко­ја тре­ба да би­де пла­те­на и ова мо­же да трае две-три го­ди­ни. Тро­шо­ци­те се го­ле­ми. А со­нот ми се ос­тва­ри за­тоа што имав од­лич­на про­дук­ци­ја и ма­ла, но мно­гу до­бра еки­па на ко­ја сум ѝ мно­гу бла­го­да­рен што ми овоз­мо­жи раз­би­ра­ње во од­нос на ма­ли­от бу­џет што го имав­ме и жел­ба­та овој филм да би­де сни­мен.

 

Posledniot-Makedonec-film-3

 

За што се го­во­ри во „Пос­лед­ни­от Ма­ке­до­нец – па­тот до истре­бу­ва­ње“? Да­ли Ма­ке­до­ни­ја и де­нес се со­о­чу­ва со исти­те проб­ле­ми ка­ко пред 100 го­ди­ни?

ПИПЕРКОВСКИ: Ние де­нес жи­ве­е­ме во ре­а­лен свет. Во свет што е полн со се­бич­ност и со без­ми­лос­на кон­ку­рен­ци­ја. Во тој свет е нор­мал­но по­не­ко­гаш да има­те не­до­раз­би­ра­ње со со­се­ди­те. Но, тоа што е важ­но за нас е си­те тие не­до­раз­би­ра­ња да ги ре­ши­ме на ми­рен и де­мо­крат­ски на­чин, кој ќе по­ка­же де­ка си­те ние има­ме за­ед­нич­ка цел. Из­град­ба на ре­ги­он на оп­штес­тве­на бла­го­со­стој­ба, во ко­ја, по­крај еко­ном­ска­та, и ду­хов­на­та со­стој­ба ќе би­де на по­ви­со­ко ни­во.

 

Ко­га ќе поч­не да се еми­ту­ва фил­мот по ки­на­та низ Ма­ке­до­ни­ја?

ПИПЕРКОВСКИ: Оче­ку­ва­ме де­ка во нај­ско­ро вре­ме фил­мот ќе си го поч­не сво­јот пат, ка­ко во Ма­ке­до­ни­ја, та­ка и во све­тот.

 

Разговараше: Александра М. Бундалевска
(Интервјуто со Илија Пиперковски е објавено во 160. број на неделникот Република, 25.09.2015)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top