| четврток, 6 декември 2018 |

Како се доаѓа до гласот на американската десница

Ма­ке­до­ни­ја не е дел од сло­же­на­та про­це­ду­ра за из­бор на кан­ди­дат за пре­тсе­да­тел на САД од ре­до­ви­те на Ре­пуб­ли­кан­ска­та пар­ти­ја. Зем­ја­та ко­ја се сме­та за нај­до­бра на це­ли­от свет, има дру­ги при­о­ри­те­ти и дру­ги те­ми за де­ба­та ме­ѓу кан­ди­да­ти­те. Не­ко­гаш тие се ме­ѓу­на­род­ни, но нај­че­сто се ра­бо­ти за вна­треш­ни пра­ша­ња кои не мо­жат це­лос­но да ги раз­бе­рат ни­ту де­се­ти­ци­те Аме­ри­кан­ци кои не го збо­ру­ва­ат анг­ли­ски­от ја­зик, а не пак Евро­пеј­ци­те, кои де­ба­та­та ќе ја сле­дат ду­ри во фи­на­ле­то, до­го­ди­на во но­ем­ври

Пос­лед­на­та де­ба­та на „ГОП“ или „Гренд олд пар­ти“ ка­ко што тра­ди­ци­о­нал­но се име­ну­ва Ре­пуб­ли­кан­ска­та пар­ти­ја одр­жа­на во ор­га­ни­за­ци­ја на „Си-ен–ен“, не до­не­се ко­не­чен фа­во­рит за ре­пуб­ли­кан­ски прет­став­ник во дво­бо­јот со кан­ди­да­тот на де­мо­кра­ти­те, но ели­ми­ни­ра­ше не­кол­ку кан­ди­да­ти кои не ус­пе­а­ја да дој­дат до зна­чи­тел­на под­др­шка кај јав­но­ста. Си­те тие се со­се­ма не­поз­на­ти за ма­ке­дон­ска­та јав­ност, освен мо­же­би, се­на­то­рот Рик Сан­то­рум од Пен­сил­ва­ни­ја, кој и по­крај прет­ход­но­то искус­тво и де­лум­на­та ха­риз­ма­тич­ност е на вр­вот на кан­ди­да­ти­те што има­ат еден или по­мал­ку про­цен­ти реј­тинг и кои не­ма­ат ре­чи­си ни­ка­кви шан­си да би­дат на лив­че­то со двај­ца кан­ди­да­ти за  пре­тсе­да­тел на САД до­го­ди­на. По не­го, со по­мал­ку од еден от­сто, сле­ду­ва­ат че­тво­ри­ца акту­ел­ни или ек­сгу­вер­не­ри и еден се­на­тор.

По­бед­ник на пос­лед­на­та ре­пуб­ли­кан­ска де­ба­та спо­ред си­те ме­ри­ла, е ау­тсај­де­рот до пред не­кол­ку ме­се­ци, Кар­ли Фи­о­ри­на, а се­га вто­ро­ран­ги­ра­на на ан­ке­та­та спро­ве­де­на во те­кот на 72 ча­са по де­ба­та­та. И по­крај тоа што До­налд Трамп ја на­пад­на за по­греш­ни че­ко­ри во биз­ни­сот до­де­ка ра­бо­те­ла ка­ко ди­ре­ктор во „Хју­лит Па­кард“ а се­на­то­рот Со­нен­филд твр­де­ше де­ка до­де­ка фир­ма­та гу­бе­ла 60 ми­ли­јар­ди до­ла­ри, таа за­ра­бо­ти­ла 100 ми­ли­о­ни до­ла­ри на име на пла­та и бо­ну­си, со­вет­нич­ка­та на Џон Ме­кејн на из­бо­ри­те во 2010 од­лич­но ги од­би на­па­ди­те на про­тив­ни­ци­те и ја зго­ле­ми до­вер­ба­та ме­ѓу ре­пуб­ли­кан­ски­те гла­са­чи. Со твр­де­ње­то де­ка це­ли­от жи­вот би­ла пот­це­не­та и де­ка сѐ уште е те­шко да се би­де же­на во САД, со име­ну­ва­ње­то на До­налд Трамп ка­ко „за­ба­ву­вач“ и со цвр­сти­от став де­ка анг­ли­ски­от ја­зик тре­ба да оста­не единс­твен офи­ци­ја­лен ја­зик во САД, ше­фи­ца­та на не­про­фит­на­та ор­га­ни­за­ци­ја „До­бро 360“, ко­ја ка­ко единс­тве­на же­на ме­ѓу кан­ди­да­ти­те дој­де на са­мо де­вет от­сто зад сѐ уште нај­до­бро ран­ги­ра­ни­от ре­пуб­ли­кан­ски кан­ди­дат, пре­бо­га­ти­от тај­кун До­налд Трамп, кој и по­крај па­дот од 32 от­сто на 24 от­сто за са­мо три не­де­ли, сè уште е на че­ло на ли­ста­та на нај­по­пу­лар­ни­те. Зад Фи­о­ри­на е единс­тве­ни­от Афро­а­ме­ри­ка­нец ме­ѓу ре­пуб­ли­кан­ци­те, Џон Кар­сон, чиј реј­тинг, слич­но ка­ко и на Трамп, пад­на за 5 от­сто и се­га има 14 от­сто под­др­шка.

Про­ме­на­та на рас­по­ло­же­ни­е­то кај ре­ги­стри­ра­ни­те гла­са­чи на ре­пуб­ли­кан­ци­те нај­до­бро мо­же да се об­јас­ни со ста­вот на 31 от­сто од нив, кои сме­та­ат де­ка Трамп е гу­бит­ник и 52 от­сто од нив, кои се си­гур­ни де­ка Фи­о­ри­на е по­бед­ник во де­ба­та­та. Пре­циз­ни­те Аме­ри­кан­ци прес­ме­та­ле де­ка де­ба­та­та ја гле­да­ле пре­ку 23 ми­ли­о­ни лу­ѓе, што ја пра­ви ед­на од најг­ле­да­ни­те ТВ-про­гра­ми оваа го­ди­на.

Глав­ни­от су­дир во де­ба­та­та се слу­чу­ва­ше ме­ѓу двај­ца­та, се­га нај­до­бро ран­ги­ра­ни кан­ди­да­ти, кои се единс­тве­ни­те што ни­ко­гаш не ра­бо­те­ле на по­ли­тич­ка по­зи­ци­ја. Тоа за дел од аме­ри­кан­ски­те по­ли­ти­ча­ри зна­чи де­ка јав­но­ста е за­си­те­на од тра­ди­ци­о­нал­ни­от про­фил на по­ли­ти­чар и ба­ра не­што раз­лич­но ка­ко тај­ку­нот и шо­у­мен Трамп, кол­ку и да изг­ле­да тој не­се­ри­о­зен во очи­те на сво­и­те ри­ва­ли. Дру­ги пак пред­ви­ду­ва­ат де­ка до кра­јот на тр­ка­та ќе се ви­ди де­ка кла­сич­ни­те по­ли­ти­ча­ри ка­ко Џеб Буш, кој до­а­ѓа од се­мејс­тво кое на Аме­ри­ка ѝ да­ло двај­ца пре­тсе­да­те­ли, до­пр­ва ќе ги по­ка­жат сво­и­те ква­ли­те­ти.

Нај­го­лем до­бит­ник ме­ѓу про­фе­си­о­нал­ни­те по­ли­ти­ча­ри на пос­лед­на­та де­ба­та бе­ше се­на­то­рот од Фло­ри­да, Мар­ко Ру­био, кој со по­раст од 3 от­сто и вку­пен реј­тинг од 11 от­сто сѐ уште мо­же да се на­де­ва на го­ле­мо­то фи­на­ле, а исто­то ва­жи и за Џеб Буш, со 9 от­сто, Тед Круз од Те­ксас и Мајк Ха­ка­би од Ар­кан­зас, кои има­ат по 6 от­сто реј­тинг. За оста­на­ти­те,  Ранд Пол (4 от­сто) Крис Кри­сти (3 от­сто) и Џон Ка­сич (2 от­сто) се чи­ни де­ка шан­си­те да ја до­би­јат кан­ди­да­ту­ра­та за пре­тсе­да­тел се са­мо те­о­рет­ски. Спо­ред ан­ке­та­та на „Си-ен– ен“, ду­ри 44 от­сто од ре­пуб­ли­кан­ски­те гла­са­чи сме­та­ат де­ка До­налд Трамп, кој во све­тот е ис­ме­ју­ван по­ра­ди сво­и­те нес­мас­ни из­ја­ви на раз­ни те­ми, е нај­до­бри­от кан­ди­дат кој мо­же да се со­о­чи со еко­ном­ски­те проб­ле­ми на Аме­ри­ка. Ду­ри че­ти­ри­па­ти по­мал­ку под­др­шка на оваа те­ма има вто­роп­ла­си­ра­на­та Фи­о­ри­на, на те­ма еко­но­ми­ја. Трамп во­ди и на те­ма ими­гра­ци­ја со 47 от­сто спре­ма 15 от­сто за Мар­ко Ру­био, а из­не­на­ду­ва­ње е што Ру­био е по­ло­шо оце­нет и кај над­во­реш­на­та по­ли­ти­ка, иа­ко за раз­ли­ка од Трамп, кој на­пра­ви не­кол­ку га­фо­ви, ва­жи за од­ли­чен поз­на­вач на гло­бал­ни­те пра­ша­ња. Во од­нос на про­тив­нич­ки­от та­бор, ре­пуб­ли­кан­ци­те има­ат пра­во да се на­де­ва­ат на по­бе­да во прес­ме­тка­та со де­мо­кра­ти­те, осо­бе­но по­ра­ди фа­ктот што ду­ри 65 от­сто од членс­тво­то нас­про­ти 51 от­сто кај де­мо­крат­ска­та пар­ти­ја е ен­ту­зи­ја­стич­ки рас­по­ло­же­но да гла­са на из­бо­ри­те.

 

Те­ми­те што го одре­ду­ва­ат реј­тин­гот не­ре­тко не­раз­бир­ли­ви за Евро­па

Ме­ѓу еко­но­ми­ја­та и не­вра­бо­те­но­ста, ме­ѓу ими­гра­ци­ја­та и пра­ша­ње­то да­ли шпан­ски­от ја­зик тре­ба да би­де офи­ци­ја­лен ја­зик на САД, ме­ѓу пра­ша­ња­та да­ли САД тре­ба во­е­но да ја бра­нат сво­ја­та гло­бал­на дип­ло­мат­ска по­зи­ци­ја на де­ба­ти­те, се по­ја­ви­ја и мно­гу пра­ша­ња кои не­ма да вли­ја­ат ни­ту на ге­не­рал­на­та аме­ри­кан­ска вна­треш­на по­ли­ти­ка, ни­ту на гло­бал­ни­те трен­до­ви, но мо­жат да вли­ја­ат на из­бо­рот на иден пре­тсе­да­тел на САД. Еден од тие мо­мен­ти бе­ше из­ви­ну­ва­ње­то на Џеб Буш, упа­те­но кон не­го­ва­та мај­ка и приз­на­ни­е­то де­ка во мла­до­ста ко­ри­стел ма­ри­ху­а­на.

Не­кои кан­ди­да­ти за­жа­ли­ја за дел од сво­и­те твр­де­ња на де­ба­та­та. Твр­де­ње­то на се­на­то­рот Ранд Пол, кој ре­че де­ка Са­у­ди­ска Ара­би­ја не при­ми­ла бе­гал­ци од Си­ри­ја, бе­ше до­че­ка­но на нож од дип­ло­ма­ти­ја­та ко­ја твр­ди де­ка офи­ци­ја­лен Ри­јад дал при­бе­жи­ште на по­ве­ќе од 2.5 ми­ли­о­ни Си­риј­ци, а прет­став­ник на УН­ХРЦ по­доц­на из­ја­вил де­ка око­лу 500 ил­ја­ди Си­риј­ци се при­ме­ни во зем­ја­та.

Во нез­год­на си­ту­а­ци­ја бе­ше фа­тен и гу­вер­не­рот на Њу Џер­си, кој из­ја­ви де­ка екс­пре­тсе­да­те­лот Џорџ Буш го наз­на­чил за др­жа­вен об­ви­ни­тел во Њу Џер­си на ден пред ури­ва­ње­то на ку­ли­те-близ­нач­ки, а ме­ди­у­ми­те вед­наш откри­ја де­ка тоа се слу­чи­ло че­ти­ри ме­се­ци по 11 сеп­тем­ври.

Про­вер­ка­та на фа­кти­те спро­ве­де­на од де­се­ти­на екс­пер­ти од раз­ни об­ла­сти ко­ор­ди­ни­ра­ни од „Си-ен-ен“ ја по­твр­ди­ја из­ја­ва­та на Џеб Буш, кој из­ја­ви де­ка про­гра­ма­та за учи­лиш­ни ва­у­че­ри во Фло­ри­да би­ла соз­да­де­на до­де­ка тој бил гу­вер­нер со што тој се спа­си да би­де об­ви­нет за да­ва­ње лаж­на из­ја­ва.

Од про­вер­ка­та на иска­жа­ни­те фа­кти кур­ту­ли и Бен Кар­сон, кој из­ја­ви де­ка го­ле­ми­от број на­уч­ни сту­дии на­пра­ве­ни за вр­ска­та ме­ѓу вак­ци­на­ци­ја и ау­тиз­мот не до­ка­жу­ва­ат де­ка оваа бо­лест се до­би­ва со вак­ци­на­ци­ја. Кар­сон, кој е дет­ски не­у­ро­хи­рург, со ова му се спро­тив­ста­ви на До­налд Трамп, кој прет­ход­но по­со­чи сту­дии со кои се оби­де да ја до­ка­же по­вр­за­но­ста ме­ѓу вак­ци­ни­те и ау­тиз­мот.

Кан­ди­да­ти­те се су­дри­ја и на те­ма­та за упо­тре­ба на ма­ри­ху­а­на за ме­ди­цин­ски по­тре­би, при што најм­но­гу за­гу­би Кри­сти, кој иа­ко твр­де­ше де­ка под­др­жу­вал упо­тре­ба на ма­ри­ху­а­на за ме­ди­цин­ски це­ли, се­пак, за­ко­нот за имп­ле­мен­та­ци­ја на ва­ква про­гра­ма под­го­твен од не­го­ви­от де­мо­крат­ски прет­ход­ник го пот­пи­шал ду­ри отка­ко јав­но се про­ти­вел на та­ква­та мож­ност.

Пишува: Горан Момироски
(Текст објавен во 160. број на неделникот „Република“, 25.09.2015)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top