Финската Влада денеска ги зголеми прогнозите за очекуваниот број на баратели на азил, кои ќе пристигнат во земјата.
Според властите, до крајот на годинава во Финска азил ќе побараат 50.000 бегалци. Досега властите тврдеа дека во земјата ќе пристигнат 30.000 мигранти.
Минатата година само 3.600 лица побараа азил во Финска.
Според финското Министерство за внатрешни работи, новите прогнози покажуваат дека во државата ќе дојдат толку бегалци колку што пристигнале во Германија и Шведска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Се снашол: Претседателот на Финска не можел да најде место на Саем на книга, па седнал на скали
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)