Мажите сакаат многу работи кога е во прашање сексот, но овој пат станува збор за желбите за кои и баш не зборуваат. Мажот ретко или скоро никогаш нема да и признае на партнерката дека ги обожува овие три работи:
Сака да ве гледа, гола
Оставете ги светлата вклучени. Моѓеби повеќе сакате да се криете во сенка или во мракот бидејќи немате доволно самодоверба кога е во прашање изгледот. Но, знајте дека мажите сакаат својата партнерка да ја гледаат целосно гола. Сака да ја гледа и во очи за време на сексот и да ужива во женската голотија. Ако ве загрижуваат вашите мани и несов ршености, ќе го криете вашето тело што н егативно влијае на вашата интимност. Научете да се сакате и без срам да го покажувате сопственото тело во спалната соба.
Сака упатства и повратна информација
Можеби ќе помисли дека го критикувате, но важен е начинот на кој ќе му го кажете тоа. Наместо да му истакнете што не ви се допаѓа или она што не ве „пали“, јасно ставете му до знаење што сакате и што ве возбудува. М ажите сакаат да добиваат упатства од пратнерката, а исто така сакаат да добиваат и повратна ин формација. Дајте му до знаење кога прави нешто што ви се допаѓа, во тоа е целата филозофија. Давањето на сигнали и повратни информации е нешто што најдобро може жената да му го даде на својот партнер кога е во прашање сексот Немојте да се двоумите. Тоа е за ваше и негово добро.
Мислите и на себе
Многу жени мислат дека најголемото задоволство на мажот за време на сексот е тој да доживее оргазам. Не е. Постојат две работи кои на мажите им пружаат големо задоволство во сексот. Првото е кога има прилика да ужива во вашата убавина, а втората е кога ќе научи како да ве задоволи. Освен тоа, мажите сакаат предигра и уживаат во неа. Голем дел од машкото задоволство е во тоа да ја задоволи својата партнерка и да направи да се чувствува таа среќно. Бидејќи тој во тој момент ќе се доживее себе како моќен, почитуван и успешен. Секако дека постојат моменти кофа и мажот и жената сакаат брз и „валкан“ секс, но сето тоа заедно е дел од квалитетниот сексуален живот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.