| четврток, 6 декември 2018 |

Реални барања на наставниците или аздисување на родителите

Од ро­ди­те­ли­те се ба­ра сѐ и се­што, од хар­ти­ја, до кли­ма-уред и за­ве­си. Дел од ро­ди­те­ли­те се лу­ти што на по­че­то­кот на школ­ска­та го­ди­на мо­ра да од­во­јат мно­гу па­ри за ра­бо­ти кои, ка­ко што ве­лат, тре­ба да ги обез­бе­ди са­мо­то учи­ли­ште

Па­ри за то­а­лет­на хар­ти­ја, хар­ти­ја за ра­це, за влаж­ни ма­рам­чи­ња, за те­чен са­пун… Спи­со­ци­те за ро­ди­те­ли­те чии де­ца се во учи­ли­ште се го­ле­ми. Се ба­ра сѐ и се­што, од хар­ти­ја, до кли­ма-уред и за­ве­си. Дел од ро­ди­те­ли­те се лу­ти што на по­че­то­кот на школ­ска­та го­ди­на мо­ра да од­во­јат мно­гу па­ри за ра­бо­ти кои, ка­ко што ве­лат, тре­ба да ги обез­бе­ди са­мо­то учи­ли­ште.

– На по­че­то­кот на оваа учеб­на го­ди­на да­дов 6.000 де­на­ри за средс­тва за хи­ги­е­на и за ин­вен­тар во учи­ли­ште­то. Имам две де­ца кои одат во учи­ли­ште. По­ма­ло­то е пр­во од­де­ле­ние. Да­дов­ме па­ри за ку­тии за ра­не­цот и за опре­ма­та за учи­ли­ште. Исто та­ка, пла­ќа­ме и за за­ка­чал­ки ка­де де­ца­та ќе ги ста­ва­ат јак­нич­ки­те. Пра­ша­ње­то е да­ли и на­ред­на­та го­ди­на ќе пла­ќа­ме за за­ка­чал­ки, со ог­лед на тоа што овие се­га, нај­ве­ро­јат­но, ќе мо­ра да оста­нат во иста­та учил­ни­ца. Се да­ваа па­ри и за то­а­лет­на хар­ти­ја, хар­ти­ја за ра­це… Са­мо за те­чен са­пун не пла­ќав­ме, за­што има обез­бе­де­но – ве­ли Але­ксан­дра, мај­ка на две де­ца.

Таа сме­та де­ка нај­го­ле­ми ви­нов­ни­ци за па­ри­те кои се да­ва­ат се са­ми­те ро­ди­те­ли. Ве­ли, има ро­ди­те­ли кои по­сто­ја­но пред­ла­га­ат да се ку­пи не­што – те­ле­ви­зор, кли­ма-уред, за­ве­си, му­зич­ки си­стем, ДВД-пле­ер.

– На­став­ни­ци­те, ди­рект­но, ни­ко­гаш не по­ба­ра­ле ни­што. Зна­ат да спом­нат де­ка не­ма ка­де да се чу­ва­ат ран­ци­те, или јак­нич­ки­те, по што се по­ја­ву­ва ини­ци­ја­ти­ва ние да го обез­бе­ди­ме тоа. За пр­во­то де­те пла­ќав­ме за др­ве­ни пла­кар­чи­ња, кои во се­кое на­ред­но од­де­ле­ние им се пре­фр­ла­ат во нив­на­та учил­ни­ца. За вто­ро­то пад­на од­лу­ка да се ку­пат кар­тон­ски ку­тии. Има­ше обид да се со­бе­рат па­ри за те­ле­ви­зор, но тоа не по­ми­на. Дел од ро­ди­те­ли­те по­ба­рав­ме про­гра­ма – што ќе гле­да­ат де­ца­та на те­ле­ви­зи­ја и зо­што тој те­ле­ви­зор е по­тре­бен за нив­на­та на­ста­ва. По ова ве­ќе ни­кој не го спом­на те­ле­ви­зо­рот – до­да­ва Але­ксан­дра.

На­ша­та со­го­вор­нич­ка ко­мен­ти­ра де­ка ус­ло­ви­те во учил­ни­ца­та за­ви­сат од тоа кол­ку ќе се за­ин­те­ре­си­ра­ат ро­ди­те­ли­те, и кол­ку тие се сна­од­ли­ви. Во не­кои од­де­ле­ни­ја ро­ди­те­ли­те ус­пе­а­ле да нај­дат не­ко­ја до­на­ци­ја, па да им до­не­сат на уче­ни­ци­те те­ле­ви­зор, оз­ву­чу­ва­ње, кли­ма-уред, дис­пан­зер за во­да. Има и де­ца кои по­тек­ну­ва­ат од по­бо­га­ти се­мејс­тва, па нив­ни­те ро­ди­те­ли ин­си­сти­ра­ат да се обез­бе­дат што по­до­бри ус­ло­ви, се ба­ра­ат ро­лет­ни, раз­но­вид­ни таб­ли, про­же­кто­ри, др­жа­чи за те­чен са­пун и за хар­ти­ја за ра­це.

– Во не­кои од­де­ле­ни­ја ро­ди­те­ли­те ку­пу­ваа таб­ли на кои се пи­шу­ва со мар­кер. Кај нас во од­де­ле­ни­е­то не­ма­ше та­ква ини­ци­ја­ти­ва. Но ова со ку­пу­ва­ње­то сè и се­што за во учи­ли­ште не е ни­што но­во – ко­мен­ти­ра со­го­вор­нич­ка­та.

Се чи­ни на­ви­ка­та на ро­ди­те­ли­те од вре­ме­то ко­га де­ца­та им оде­ле во гра­дин­ка оста­на­ла. То­гаш до­би­ва­ле спи­сок што тре­ба да ку­пат – влаж­ни ма­рам­чи­ња, то­а­лет­на хар­ти­ја, хар­ти­ја за ра­це, пла­стич­ни ча­шки. Со исто­то се про­дол­жу­ва и во учи­ли­ште.

 

Зло­у­по­тре­ба на бесп­лат­но­то обра­зо­ва­ние

Но, не сме­та­ат си­те ро­ди­те­ли де­ка ви­на­та е кај нив и де­ка има ро­ди­те­ли кои пре­те­ру­ва­ат во иде­и­те ка­ко да се по­до­брат ус­ло­ви­те во учи­ли­шта­та. До­де­ка ед­ни се жа­лат на пре­го­ле­ми­те апе­ти­ти на дел од ро­ди­те­ли­те со чии де­ца учи нив­но­то де­те, дру­ги ви­на­та ја гле­да­ат кај на­став­ни­ци­те.

– Дел од на­став­ни­ци­те од учи­ли­шта­та, на­го­ле­мо ја зло­у­по­тре­бу­ва­ат по­зи­ци­ја­та и го кр­шат кон­цеп­тот на бесп­лат­но обра­зо­ва­ние. Од ро­ди­те­ли­те, осо­бе­но на тие што има­ат пр­ва­чи­ња, уште до­де­ка се збу­не­ти и воз­бу­де­ни од но­ва­та стра­ни­ца во нив­ни­те жи­во­ти им се на­мет­ну­ва­ат раз­лич­ни по­тре­би кои би тре­ба­ло да би­дат за­до­во­ле­ни ток­му со па­ри од ро­ди­те­ли­те – ме­бел, за­ве­си, ро­лет­ни, кли­ма-уре­ди, те­ле­ви­зо­ри, му­зич­ки си­сте­ми. Кај нас во учи­ли­ште ди­рект­но ни по­ба­раа ин­вен­тар, а ро­ди­те­ли­те вле­гоа во ди­ску­си­ја за кли­ма-уред, др­ве­ни ма­сив­ни шка­фо­ви, за­ве­си, раз­ни за­тем­ну­ва­чи ка­ко ва­ри­о­лајт или ве­не­ци­ја­нер ро­лет­ни за про­зор­ци­те, му­зич­ки си­стем, сѐ под из­го­вор де­ка е „не­оп­ход­но за нор­мал­но од­ви­ва­ње на обра­зов­ни­от про­цес“. Се ба­раа и средс­тва за лич­на хи­ги­е­на, што пак по­сто­ја­но се по­вто­ру­ва де­ка за тоа на учи­ли­шта­та им се да­де­ни па­ри – ве­ли На­ум, ро­ди­тел на две де­ца кои одат во учи­ли­ште.

Тој до­да­ва де­ка еден е проб­ле­мот што вра­бо­те­ни­те во обра­зов­ни­те ин­сти­ту­ции кре­ва­ат ра­ме­ни­ци под из­го­вор де­ка се ра­бо­ти „за до­бро­то на де­ца­та“, за што са­ми­от не ве­ру­вав де­ка не е со доз­во­ла или пот­тик­на­то од ра­ко­водс­тво­то на учи­ли­ште­то. Но, за не­го по­стра­шен е проб­ле­мот што ко­га не­кој и ќе спо­ме­не де­ка тоа не е ра­бо­та на ро­ди­те­ли­те и на ро­ди­тел­ски­те со­ве­ти, ста­ну­ва пред­мет на обра­бо­тка од дру­ги­те ро­ди­те­ли.

– Бес­пред­мет­ни ста­ну­ва­ат ди­ску­си­и­те де­ка по­ло­ви­на од мај­ки­те, на при­мер, не би пу­шти­ле де­те да се­ди под удар на кли­ма-уред. И ту­ка ве­ќе не се гле­да да­ли и кол­ку не­кој е во мож­ност да од­де­ли од се­меј­ни­от бу­џет. Во ова вре­ме за не­ко­го 1000, 2000 или пет ил­ја­ди де­на­ри се мал­ку, но за дел од ро­ди­те­ли­те се мно­гу се­ри­о­зен то­вар. Се­пак, за жал, се фа­ќа­ат за џеб со по­мис­ла­та де­ка „де­те­то ќе би­де под­ло­же­но на под­бив и ќе би­де иск­лу­че­но, што, за уште по­го­ле­ма жал, и се слу­чу­ва по­доц­на во учи­ли­шта­та. Ду­ри и се оди до­та­му, што тие ро­ди­те­ли се дво­јат од гру­па­та на „моќ­ни­те“ кои са­ка­ат да им удо­во­лат на учи­тел­ки­те, па и ди­рект­но им се пре­до­чу­ва кои се тие „не­пос­луш­ни­те“ – ко­мен­ти­ра ро­ди­те­лот.

Се­то тоа за­вр­шу­ва со нај­ди­рект­но и нај­бру­тал­но дво­е­ње на де­ца­та кои се нај­не­ви­ни­те учес­ни­ци во овој про­цес, би­деј­ќи дел од уче­ни­ци­те се под мно­гу по­и­на­ква „оп­сер­ва­ци­ја“ од на­став­нич­ки­те.

– Осо­бе­но што „ра­ко­водс­тво­то“ на со­ве­ти­те вле­гу­ва во лич­ни вр­ски со учи­тел­ки­те и ста­ну­ва гла­вен пре­не­су­вач на ин­фор­ма­ци­и­те и на раз­ме­не­ти­те ста­во­ви за вре­ме на до­го­ва­ра­ње­то. Нај­страш­но во на­ши­от слу­чај е што открив­ме де­ка учи­ли­ште­то во сво­јот бу­џет има­ло опре­де­ле­ни средс­тва за ро­лет­ни, но тоа го од­ло­жи­ле би­деј­ќи „ро­ди­те­ли­те ве­ќе поч­на­ле са­ми да опре­му­ва­ат учил­ни­ца по учил­ни­ца“. Та­ка, низ овој про­цес кој се пра­кти­ку­ва со го­ди­ни, ни­што ве­ќе не е „за до­бро­то на де­ца­та“ – до­да­ва ро­ди­те­лот со кој раз­го­ва­рав­ме.

 

Не да­вај­те па­ри за ин­вен­тар

Ро­ди­те­ли­те ба­ра­ат др­жа­ва­та, Ми­ни­стерс­тво­то за обра­зо­ва­ние и на­у­ка и оп­шти­ни­те да нај­дат мо­дел и да пре­ци­зи­ра­ат кол­ка­ва ќе би­де уло­га­та на ро­ди­тел­ски­от со­вет во од­нос на тие „до­бро­вол­ни“ до­на­ции и огра­ни­чу­ва­ње на нив­на­та ви­си­на.

– Мо­ра да се зе­ме пред­вид де­ка од го­ди­на на го­ди­на, ви­си­на­та на тие изи­ску­ва­ња е сè по­го­ле­ма. Се­ка­ко, ту­ка е и проб­ле­мот де­ка не е и не мо­же да би­де дел од обра­зов­ни­от про­цес сѐ она за што ќе се до­го­во­рат ро­ди­те­ли­те. А што ако по­ло­ви­на од ро­ди­те­ли­те са­ка­ат да пла­тат за, да ре­че­ме, за­тво­рен ба­зен со олим­пи­ски стан­дар­ди и на то­вар на се­кое де­те да дој­де „ра­та“ по­го­ле­ма од утвр­де­ни­от ми­ни­ма­лец во др­жа­ва­та или по­го­ле­ма од про­сеч­ни­от до­ход на са­мо­хран ро­ди­тел? – ко­мен­ти­ра­ат ро­ди­те­ли­те.

Од Ми­ни­стерс­тво­то за обра­зо­ва­ние и на­у­ка пак, се де­цид­ни – па­ри за ин­вен­тар и за средс­тва за хи­ги­е­на не да­вај­те.

– Сог­лас­но со За­ко­нот за ос­нов­но обра­зо­ва­ние, ос­нов­но­то обра­зо­ва­ние е за­дол­жи­тел­но и бесп­лат­но и сог­лас­но со тоа, учи­ли­шта­та не сме­ат да ба­ра­ат до­пол­ни­тел­ни средс­тва од ро­ди­те­ли­те за ин­вен­тар, за средс­тва за хи­ги­е­на и слич­но. Сог­лас­но со За­ко­нот, ос­нов­ни­те учи­ли­шта се во над­леж­ност на оп­шти­ни­те, кои од Ми­ни­стерс­тво­то за обра­зо­ва­ние и на­у­ка до­би­ва­ат блок-до­та­ции, средс­тва на­ме­не­ти за те­ков­но одр­жу­ва­ње на учи­ли­шта­та – ве­лат од Ми­ни­стерс­тво­то.

Ро­ди­те­ли­те има­ат пра­во да при­ја­ват до­кол­ку им се ба­ра­ат до­пол­ни­тел­ни средс­тва за по­тре­би­те во учи­ли­шта­та.

– До­кол­ку на ро­ди­те­ли­те од стра­на на на­став­ни­ци­те и ра­ко­вод­ни­те ли­ца во учи­ли­шта­та, им се ба­ра­ат средс­тва за одр­жу­ва­ње на хи­ги­е­на­та или пак за кан­це­лар­ски ма­те­ри­јал, тие мо­жат да под­не­сат пис­ме­на прет­ста­вка до Др­жав­ни­от про­све­тен инс­пе­кто­рат, кој вед­наш по до­ста­ву­ва­ње на иста­та из­ле­гу­ва на те­рен да ја утвр­ди фа­ктич­ка­та си­ту­а­ци­ја – до­да­ва­ат од ре­сор­но­то Ми­ни­стерс­тво.

Се­пак, ро­ди­те­ли­те мо­ра да вни­ма­ва­ат ка­кви од­лу­ки се но­сат на ни­во на Со­ве­тот на ро­ди­те­ли и на Учи­лиш­ни­те од­бо­ри. До­кол­ку се ра­бо­ти за од­лу­ка што ја до­нел Со­ве­тот на ро­ди­те­ли, др­жав­ни­от инс­пе­кто­рат е не­мо­ќен да го спре­чи до­пол­ни­тел­ни­от тро­шок врз џе­бот на ро­ди­те­лот.

– Мо­ра­ме да на­по­ме­не­ме де­ка до­кол­ку ва­ква­та си­ту­а­ци­ја е утвр­де­на со Од­лу­ка на Со­ве­тот на ро­ди­те­ли и Учи­лиш­ни­от од­бор на учи­ли­ште­то, сог­лас­но со член 165 од За­ко­нот за ос­нов­но обра­зо­ва­ние, Ми­ни­стерс­тво­то за обра­зо­ва­ние и на­у­ка и Др­жав­ни­от про­све­тен инс­пе­кто­рат, не­ма за­кон­ска ос­но­ва да за­поч­не по­стап­ка про­тив ра­ко­вод­но­то ли­це на учи­ли­ште­то – об­јас­ну­ва­ат од МОН.

Пишува: Билјана Зафирова
(Текст објавен во 160. број на неделникот „Република“, 25.09.2015)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top