Две лица се убиени во престрелката во Сиднеј, пред седиштето на полицијата на австралиската сојузна држава Нов Јужен Велс.
Инцидентот се случил во 16.30 часот по локално време, но засега не се соопшетни други детали за престрелката. Не се откриени иидентитетот на двете убиени лица, а не се знае ни мотивот за целиот инцидент.
Австралиската телевизиска компанија „Еј-Би-Си“, повикувајќи се на јавувања на луѓе што биле сведоци на инцидентот, јави дека пукотницата пред седиштето на полицијата почнала наеднаш и дека траела кусо, откако бил разменет оган „од две страни“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.