| четврток, 6 декември 2018 |

НСА ги прислушувала Србија, Хрватска, Словенија и БиХ

Пратеникот од партијата на Зелените во австрискиот парламент Петер Пилц тврди дека во рамки на тајната операција „Еиконал“, на Националната безбедносна агенција на САД (НСА), се проверувани разговори од Словенија, Хрватска, Србија и од Босна и Херцеговина, јави „Танјуг“.

NSA

Пилц наведува дека НСА со помош на германската разузнавачка служба БНД и телеоператорот „Дојче телеком“ од 2005 до 2008 тестирале акција за прислушување телефонски разговори во рамки на тајната операција „Еиконал“ и оти се проверувани и разговори водени од Словенија, Хрватска, Србија и БиХ.

Целта на операцијата било анализирање и филтрирање содржини на телефонски разговори на цивилното население поради опасност од тероризам, појасни Пилц во емисија на словенечката ТВ-станица „Поп-ТВ“, и покажа т.н. „жолта листа“ до која дошол по свои канали, а е евентуален доказ дека биле прислушувани и обични граѓани.

На „жолтата листа“ е список што во 2005 година го состави НСА, биле ставени 256 телефонски линии за прислушување.

Пилц тврди дека на Американците во Европа не им биле интересни за прислушување единствено Естонија, Литванија и Малта, и наведува дека сите разговори следени во Европа се анализирани и филтрирани заради барање на разузнавачки податоци, барање карактеристични зборови како „тероризам“, „бомба“…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top