| четврток, 6 декември 2018 |

Седма розова прошетка во организација на „Борка“

Седмата традиционална кампања за борба против рак на дојка, насловена како “Напред розово 2015- чекори против ракот на дојка“, во организација на здружението „Борка – За секој нов ден“, во соработка со Амбасадата на САД во Република Македонија ќе се одржи на 4 октомври, недела, на плоштадот „Филип втори“ во Скопје со почеток во 11 часот.

Настанот ќе вклучи заедничка розова прошетка на повеќе од 1500 учесници кои пешачејќи 3 километри ќе испратат порака за важноста на раната дијагноза и поддршката на пациентите, како основен предуслов за победа над ракот на дојка.

 

marsuta nepred rozovo

 

Во прошетката ќе учестуваат сите граѓани на Република Македонија, вклучувајќи организирано учество на поддржувачи на „Борка“ од градовите: Струмица, Куманово, Свети Николе, Штип, Велес, Охрид, Прилеп, Кавадарци, Битола, Македонска Каменица, Македонски Брод и Тетово.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top