
Дваесет и тригодишен жител на селот Боротино, Битолско успеал да излаже дури 7 битолчани дека ќе ги вработи во МВР за надомест од само 2.000 денари.
Според СВР Битола, тој во периодот од 6 до 13 ноември лани седум пати лажно им се претставил на седум лица од Битола дека е полициски службеник, по што им ветувал дека за износ од 2.000 денари ќе бидат вработени во Министерството за внатрешни работи.
Битолската полиција против него поднела кривична пријава и за тешка кражба и седум дела лажно претставување. Во периодот од 27 до 31 јануари 2012 година, во Битола во соба од студенсткиот дом „Кочо Рацин“, пријавениот со употреба на метален предмет го отклучил шкафот на М.М. и одзел облека, храна и уред за мобилен телефон, причинувајќи материјална штета од 5.000 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


