| четврток, 6 декември 2018 |

Милионери без скршен долар: Познати за кои не знаевте дека банкротирале

Терминот банкрот настанал од  италијанската синтагма банка ротта, што значи скршена (скапана) клупа. Пред настанокот на модерното банкарство, клиентите својот ред во банките го чекале на долги клупи на кои со парички го врежувале своето место во случај да мора од некоја причина да излезат од банката. Значењето што се крие зад оваа синтагма е очигледно – кој седи на скапана клупа, тој пропаѓа.

Screenshot_2

Постои легенда што настанала во 15 век во Италија, кога речиси секој град–држава имал своја валута. Клупите во менувачниците, според приказните, се кршеле кога банкарот ќе останел без пари и оттаму тој назив.

Погледнете кои личности барем еднаш во животот седеле на скапана клупа.

Woman Holding Purse with EuroОскар Вајлд

Познатиот писател и поет Оскар Вајлд  банкротирал во 1885 година, откако ја загубил парницата за клевета, која ја покренал против маркизата Квинсбери, откако го обвинила за содомија. Маркизата била ослободена од обвинението, поради што Вајлд морал да ги плати трошоците за судењето и за одбраната. Тоа го однесе до банкрот, а голем број вредни  предмети што биле во негова сопственост ги дал на продажба, а ги загубил и авторските права на некои негови дела.

1443617232_vajld

Абрахам Линколн

Пред да стане 16. претседател на САД, Линколн доживеал банкрот како резултат на пропаст на амбициозен бизнис-план. Неколку дуќани што биле во негова сопственост пропаднале во 1932 година, поради што морал да ги продаде своите работни простории, но ниту тоа не било доволно да ги покрие долговите. Во тоа време немало закони што ги штителе луѓето во случај на банкрот, па на суд го загубил и последното што го поседувал – коњ и алат. Линколн ги отплатувал долговите сѐ до 1840 година.

1443617253_link

Синди Лопер

Додека нејзината кариера сè уште немаше замав, Синди поднела барање за банкрот предизвикано со распадот на нејзината група „Блу ејџел“. Некое време морала да настапува во јапонски ресторан облечена како гејша. Сепак, нејзиниот менаџер  успеал да издејствува договор со издавачка куќа по што набргу станала ѕвезда.

Cyndi Lauper

Берт Ренолдс

Познати американски актер банкротирал  во 1996 година, кога загубил 40 милиони долари поради разводот со Лони Андерсон. Покрај тоа, Ренолдс бил обврзан 10 години да го издржува синот Квинтон, а неговата ситуација дополнително ја отежнал сметководителот, кој исчезнал со 15 милиони долари. Но среќата не го напуштила. Следувале неколку филмови со кои го повратил богатството.

Florida News - Aug. 5, 1989

МС Хамер

Голема ѕвезда на деведесеттите МС  Хамер заработил  повеќе од 33 милиони долари за време на екот на кариерата, но благодарение на стилот на животот што го живеел и сѐ послабата продажба на албумите, не само  што банкротирал, туку и останал во долгови од повеќе од 13 милиони долари.

Rapper MC Hammer poses at an imprint ceremony in the forecourt of the TCL Chinese theatre in Hollywood

Лери Кинг

Легендата на американското новинарство Лери Кинг денес е вреден 150 милиони долари. Сепак, Кинг не бил отсекогаш така добро ситуиран. За време на шеесеттите додека сѐ уште работел на радио, Кинг сакал да ужива, а трошел и повеќе од што имал. Следуваше скандал за евентуална кражба по кој бил отпуштен од радиото, а во 1978 година поднел барање за банкрот. Истата година, Кинг добил понуда да води забавна емисија, која ќе стане популарна како „Лери Кинг во живо“.

Larry King

Доналд Трамп

Американскиот бизнисмен и претседателскиот кандидат, чиешто богатство се проценува на околу четири милијарди долари, поднесе барање на банкрот дури четири пати – 1991 година, 1992 година, 2004 година и 2009 година. Сепак, тоа е корпоративен банкрот, а не личен, што значи дека неговите финансии не претрпеле тежок удар.

Donald Trump

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top