Продукциската куќа „Чик Филмс” и МАНУФАКТУРА продукција известуваат дека за потребите на снимањето на францускиот филм „A Фонд”, утре од 5 до 18 часот ќе биде затворена патарината Петровец, поради снимање и возилата што ќе минуваат нема да плаќаат патарина.
Сообраќајот на автопатот ќе се одвива преку заобиколување на патарината, преку една лента во секој правец, поради што се можни колони.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.