| четврток, 6 декември 2018 |

Северна Кореја: Прво мировен договор, па дијалог со САД

Севернокорејскиот министер за надворешни работи Ри Су Јонг им предложи дијалог на САД за подобрување на безбедноста на Корејскиот полуостров, но под услов САД да се согласат да потпишат мировен договор, наместо спогодбата за примирје од 1953, јави ТАСС.

kim jong un

– Пјонгјанг се согласи на конструктивен дијалог со САД само под услов, дека тие ќе потпишат мировен договор, рече министерот во обраќањето пред ОН.

Тој го заштити правото на земјата да истрелува сателити и да врши нуклеарни тестирања. – Забранувањето на тие дејности со резолуции на СБ на ОН покажува дека таа меѓународна структура се претворила за потсмев заради однесувањето на САД, рече тој.

Во поддршка на таа теза, тој рече дека досега десет држави истрелале сателити и девет разработиле нуклеарно оружје, но СБ ја забранил само на една од нив – Северна Кореја.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top