Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ ОК Битола, Меѓународниот ден на стари лица го одбележи со штитениците на домот „Сју Рајдер“, со програма подготвена од подмладокот на КУД „Гоце Делчев“ од Битола. Годинава во фокусот е влијанието на постарите врз средината, но и влијанието на средината врз нив. „Ова што го живееме денес им го должиме ним, но често го забораваме тоа. Убаво е, со повод или без, да се потсетиме на нивниот влог во денешницата, на искуството што ни го оставиле, но и, што е најважно, да се заблагодариме и да им ја пренесеме пораката на најмладите зашто и ние еден ден ќе остариме – изјави претседателката на УЖ ВМРО-ДПМНЕ ОК Битола, д-р Анита Ангелевска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.