| четврток, 6 декември 2018 |

ИСИС со закана до Москва: Смрт за Путин, наскоро доаѓаме

moskva isis2

Исламската држава објави порака на интернет во која ѝ се заканува на Москва и на рускиот претседател Владимир Путин. На фотографијата преку која се испраќа заканата до претседателот на Русија се прикажува уништени и во пламен московскиот Црвен плоштад и црквата „Свети Василиј Блажениот“. Под фотографијата пишува „Смрт за Путин, наскоро доаѓаме“.

Пораката ја објави Рита Кац, директорка на СИТЕ, специјализирана компанија за следење и анализирање  пораки од терористи, вклучувајќи и џихадисти од ИСИС, објавени на интернет.

Во меѓувреме руските борбени авиони вршат големи напади врз цели на ИСИС и на други терористички групи во западниот дел на Сирија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top