Стресот е еден од најголемите ризик фактори за појава на мноштво болести, вклучувајќи ги и болестите на кардиоваскуларниот систем, дијабетес и депресија.
Хроничниот стрес придонесува да се зголеми нивото на хормони во организмот, што е директен предизвикувач на заболувањата.
Најчести знаци кои што укажуваат дека телото е под стрес се зголеменото потење, наглите промени на расположението, потешкотии во спиењето, напнатост, потиштеност, безволност, забрзан пулс, намален или зголемен апетит.
Меѓутоа постојат скриени знаци, кои не секој ги поврзува со постоење на стрес во организмот, како што се:
– потреба за слатки (хормоните на стрес негативно влијаат врз нивото на шеќерот во крвта што директно ја зголемува потребата за слатки)
– појава на чудни соништа ( соништа кои ве исцрпуваат, без разлика дали се во позитивна или во негативна конотација, тие се премногу чести )
– менструални грчеви (поради хормонската нерамнотежа која што може да биде последица на стресот, можна е појава на поинтензивни грчеви и болки во текот на менструалниот циклус )
– главоболки ( ненадејна главоболка која што обично се јавува во текот на работната недела во поголемиот број случаи му се препишува на стресот и заморот на работното место )
– стомачни болки ( утврдено е дека луѓето кои се под хроничен стрес имаат четири пати поголем ризик за појава на болки во стомакот, долниот дел од грбот, како и постојано чувство на напнатост и подуеност во цревата )
– испукани усни ( хроничниот стрес предизвикува намалување на нивото на витаминот Б6 во организмот што директно влијае врз појава на распуканост на усните на краевите)
– болки во вилицата ( хроничниот стрес многу често резултира со крцкање на забите во текот на ноќта додека спиеме, што пак може да предизвика болка во вилицата).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Овие хороскопски знаци ќе бидат најсреќни во 2019 година!
-
Ако сте родени во знакот на лав, имате причина за радост: Најмногу милијардери се родени во овој хороскопски знак
-
Ќе пливаат во пари – крајот на септември носи голема добивка за овие три хороскопски знаци
-
Овие три знаци ќе се збогатат во септември: Пари од сите страни, успех на работа…