| четврток, 6 декември 2018 |

Руски научници пронашле „еликсир на младоста“?

Руски научници тврдат дека откриле магичен напиток, во овој случај бактерија, која може да осигура вечна младост.

Истражувачите ја дешифрирале ДНК на оваа исклучително отпорна бактерија, посебно имуна на студ и сега се обидуваат да издвојат гени кои ќе и овозможиле да преживее милиони години во најсуровите услови.

Тестовите на бактеријата која била вбризгана на стаорци покажуваат позитивни резултати.

– Во сите експериметни Bacillus F стимулираше раст и го зајакна имуниот систем – изјави д-р Сергеј Петров од истражувачкиот центар „Тјумен“ во Сибир.

Бактеријата во текот на целиот живот обезбедува активни биолошки супстанци кои го стимулираат имуниот систем. Старите глувци не само што добиле на свежина, туку веќе имале и потомство.

По експериментите врз глувците, спроведени се тестови и на човечките клетки за да се установи дали бактеријата може да има позитивен ефект и на човечкиот организам.

– Тестовите на човечките еритроцити и леукоцити се многу оптимистички – тврди Петров.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top