| четврток, 6 декември 2018 |

Работнички може да се следи цела сезона за 500 денари

rabotnicki

Најтрофејниот кошаркарски колектив КК Работнички ги пушти во продажба сезонските билети за оваа сезона. Управата на клубот се одлучи за популарна цена од 500 денари за сите домашни натпревари кои Работнички ќе ги игра во „Градски парк“.
Оваа промотивна акција, во соработка со МК Тикетс ќе трае сè до вториот првенствен натпревар на домашен терен на Работнички, односно 30 октомври 2015 година кога картите ќе бидат по стара цена од 100 денари за секој натпревар на домашен терен.

– КК Работнички ги повикува своите фанови да ја поддржат оваа акција и повторно заедно да го направиме кошаркарскиот храм „Градски Парк“ место каде само победата ќе биде опција. За срцето на Скопје! – стои во соопштението на клубот.

На првиот натпревар на домашен терен од новата сезона во домашното првенство, Работнички ќе го пречека новиот порволигаш КК Бест на 17 октомври.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top