| четврток, 6 декември 2018 |

2016 ќе биде година за борба против ракот во Македонија

Од април годинава отпочна со реализација на проектот за бесплатен мамографски скрининг за жените на 50­годишна возраст, и оти според планираното до крајот на 2016 година со мамографскиот скрининг треба да бидат опфатени сите жени на возраст од 50 – 69 години (околу 250.000 жени). ­ Значајно е што со скринингот се опфатени жени кои се асимптоматски, односно навидум здрави жени и кои, согласно податоците од системот „Мој Термин“, не направиле мамографска контрола во последните две години

2016 ќе биде година за борба против ракот во Македонија.

– Токму во таа насока, спроведовме набавка на шест нови дигитални мамографи за потребите на вкупно шест јавни здравствени установи, кои во текот на овие и наредните денови ќе бидат инсталирани и пуштени во употреба – најави попладнево министерот за здравство Никола Тодоров во обраѓањето на 8­ мата национална конференција за рак на дојка во организација на Здружението „Борка“.

Нови мамографи ќе добијат хируршката клиника „Св. Наум Охридски“ и болниците во Кавадарци, Штип, Куманово, Прилеп и Кочани, и оти вкупната инвестиција изнесува околу 40 милиони денари. ­Дополнително донесовме одлука да отпочнеме постапка за набавка на нови мамографи за Гевгелија, Радовиш, Велес и Македонска Каменица.

– Со набавката на овие апарати ќе се овозможи мамографскиот скрининг да се изведува на повеќе локации во државата, односно оваа здравствена услуга да биде што е можно подостапна за женската популација, а со тоа да се овозможи и брзо и навремено делување кај пациентките кај кои ќе се забележат одредени промени – рече министерот за здравство.

Од април годинава отпочна со реализација на проектот за бесплатен мамографски скрининг за жените на 50­годишна возраст, и оти според планираното до крајот на 2016 година со мамографскиот скрининг треба да бидат опфатени сите жени на возраст од 50 – 69 години (околу 250.000 жени). ­ Значајно е што со скринингот се опфатени жени кои се асимптоматски, односно навидум здрави жени и кои, согласно податоците од системот „Мој Термин“, не направиле мамографска контрола во последните две години.

– Сакам да истакнам дека невладината организација „Борка“ од самиот почеток ја поддржа оваа мерка на Министерството за здравство и дополнително ги поттикна жените од оваа возрасна група да се јават на бесплатниот мамографски скрининг – посочи министерот.

Тој нагласи дека Министерството изработило софтверско решение, интегрирано во системот „Мој Термин“, кое овозможува електронска евиденција на сите податоци поврзани со спроведувањето на Националната програма за рано откривање на рак на дојка. Ова софтверско решение во системот треба да овозможи испраќање покани за мамографски скрининг, закажување термини за мамографија, евидентирање на извршените снимања, испраќање СМС пораки за потсетување, формирање комплетно мамографско досие за пациентките. ­

Преку користењето на вакво сеопфатно софтверско решение значително ќе се олесни водењето евиденција за спроведените мамографски прегледи и ќе се овозможи добивање детални и навремени податоци за спроведувањето на Програмата – рече министерот Тодоров.

Дополнително, информира тој, во фаза на изработка е и информативна веб страница скрининг.мк преку која ќе се врши информирање за сите активности кои се дел од скринингот. Планирано е и воведување информативна телефонска линија, каде што сите заинтересирани жени ќе може да постават прашања во врска со скринингот, а на прашањата ќе одговараат доктори кои директно учествуваат во мамографските прегледи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top