Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје е поразен на стартот од новата сезона на регионалната АБА лига од словенечка Олимпија со 76-91.
Словенечката екипа во поголемиот дел од натпреварот ја имаше контролата на резултатот, а од друга страна кошаркарите на МЗТ покажаа низа на слабости, кои ќе мора да се поправат во наредните кола од јадранската лига, за да се избегне долниот дел од табелата и неизвесната борба за опстанок.
Најефикасен во редовите на македонскиот клуб беше Дреновац со 21 поен, додека Луковиќ беше стрелец на 14.
Наредниот меч МЗТ го игра пред домашната публика, а во „Јане Сандански“ ќе гостува екипата на Металац.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.