Македонија ќе партиципира во регионален Фонд за иновации, кој се формира во соработка со ЕБОР, Европскиот инвестициски фонд и други инвеститори, и е прва држава во регионот, каде што компаниите ќе можат да аплицираат за реализација на своите проекти.
– Покрај Фондот за иновации македонските компании ќе имаат пристап и до регионален фонд како нов и поголем извор за финансирање на иновативни технологии и бизниси преку кој ќе може да аплицираат за средства во износ до два милиони евра – изјави денеска вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски за време на посетата на општина Градско.
Тој истакна дека канцеларијата е веќе отворена и екипирана, а од 15 октомври ќе почнат и со посета на компании на терен. Компаниите сега ќе можат да аплицираат за поголеми средства.
Фондот за почеток ќе има средства од 25 милиони евра, а планирано е наредната година да се зголемат средствата на 40 милиони евра, за понатаму ако има интерес и уште повеќе.
– Што значи дека македонските компании ќе имаат уште еден механизам за финансирање на своите проекти со средства каде што наместо кредитно задолжување ќе имаат партнерски односи, некаде од 10 проценти, но најмногу до 40 отсто, а со тие средства да остварат забрзан развој – изјави Пешевски на новинарско прашање за време на посетата на Градско.
Вицепремиерот Пешевски ги повика компаниите коишто имаат потреби од вакви средства да ја следат работата на Фондот за иновации и да конкурираат, со цел повеќето од нив да ја искористат оваа можност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст