Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и градоначалникот на општина Гостивар, Невзат Бејта денеска ја пуштија во употреба новата детска градинка, што се наоѓа во близина на гостиварскиот интернат.
Спасов напомена дека подолого време се барало начин како да се излезе во пресерт на барањата на родителите за зголемување на капацитетите на градинките во гостиварската општина.
– Заедно со градоначалникот на општина Гостивар излеговме во пресрет и најдовме објект кој може да се адаптира и реновира и да се стави во употреба. На мое големо задовоство денеска ја отвораме и оваа градинка која е седма по ред реализирана инвестиција во отворање градинки ширум Македонија. И понатаму како министерство, продолжуваме со реализиција на конкретни активности ширум нашата држава. Очекувам дека до крајот на годината ќе отвориме уште пет нови градинки, рече Спасов.
Тој најави и реализација на плановите за зголемување на капацитетот за згрижување на деца од предшколска возраст, за идната година, подвлекувајќи дека веќе се утврдени дваесет локации.
Задоволство од соработката искажа и градоначалникот на општина Гостивар, Невзат Бејта.
– Тоа тоа беше барање на граѓанаите од поодамна. Излеговме во пресрет и заеднички со министерството вложивме 4 милиони денари. Од нив, општината издвои 1,8 и остатокот го инвестира министерството. Во новата градинка создадовме добри услови за децата и капацитетот се зголеми за уште 120 деца во простор од 380 кавдратни метри и голем двор, рече градоначалникот Бејта.
Директорката на ЈУ Детска Радост, Наташа Саздова подвлече дека освен новите подобрени услови, со отврањето на новата градинка, листите на чекање ќе се намалат за над осумдесет отсто.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст