| четврток, 6 декември 2018 |

Што се случува кога ќе престанеме да пиеме млеко?

Лицата кои имаат проблем со акни и екземи, дерматолозите најчесто ги советуваат да одбегнуваат млечни производи. Во едно истражување во кое учествувале повеќе од 12.000 деца се покажало дека пиењето млеко придонесува за појава на дебелина.

Кога ќе престанете да пиете млеко, вашата дигестија ќе се подобри. Околу 65% од населението кое пати од нетолеранција на лактоза, а имало помал ризик од рак на бели дробови, дојки и јајници – покажало едно истражувањето од 2014 година.

Еден од заклучоците е дека една од можните главни причини е тоа што тие не консумираат млеко и млечни производи.

Млекото е „познато” по тоа што ги јакне коските. Но, се чини дека повторно сме биле во заблуда. Токму одбегнувањето на млекото и млечните производи ќе ги зајакне нашите коски, заклучило истражувањето објавено во списанието British Medical Journal. Истражувачите откриле дека колку повеќе млеко пиете, толку постои поголема опасност од фрактура на колкот.

Кога ќе престанете со пиење на млеко, го намалувате ризикот од дијабетес. Немасното млеко и млечни производи го зголемуваат ризикот од дијабетес – бил заклучокот од овогодинешното истражување во кое учествувале 27 илјади луѓе.

Веројатно причината треба да се бара во производството на млеко. Имено, недостигот на масти произведувачите го надополнуваат со шеќер, па доколку консумирате немасни млечни производи, со цел – помал внес на масти, бидете сигурни дека тоа не е еден од добрите начини.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top