| четврток, 6 декември 2018 |

НБРМ пушти во оптек нови ковани парички од 100 денари

На денешната седница Советот на Народната банка на Република Македонија, врз основа на предвидениот распоред и динамика на активностите, ги усвои и одлуките за пуштање во оптек на кованите пари за колекционерски цели „Димитар“ и „Елена“ од серијата „Ден на ангелот“. Овие ковани пари се со апоен од 100 денари, изработени во пет илјади парчиња.

Претходно, НБРМ од серијата Денот на ангелот ги пушти во оптек и кованите пари, Владимир,  Олга и Софија. И тие беа во апоени од 100 денари изработени од 28,28 грама сребро со цена од 3.500 денари

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top