Во Драмскиот театар Скопје утре, втори октомври почнуваат пробите на новиот проект, мјузикл за деца и за возрасни „Библијата“ во режијата на Срѓан Јанаќиевиќ. Либретото е на Јанаќиевиќ, музиката е на Игор Василев – Новоградска, а дизајнот на претставата е на Кирил Василев.
Премиерата е закажана за 8 декември 2015 година.
– Книгата, која е темел на нашата цивилизација, на која се базирани и преиспитувани сите наши етички кодекси, основа на законите, книга на која се темелат три религии, многу често била инспирација за уметничко толкување и експресија. Постојат безброј видувања на одредени делови и од Стариот и од Новиот завет. Секогаш интригантна и чувствителна независно од перспективата на авторите. Сепак во овој момент на „вриеж”, на почетокот од новиот милениум, кога на една страна, има тенденција на преиспитување на моралните вредности, а пак од друга страна, исто толку силна потреба да се вратиме кон старите – проверени и „сигурни” вредности, па конечно и во време кога религиите во одредени региони се во жесток судир, „препрочитувањето” на Библијата изгледа есенцијално. Токму од овие причини претставата (оперета/мјузикл) „Библијата” сметам дека би била вистински театарски чин. Претставата во својата структура би го опфатила и Стариот и Новиот завет. Би била работена како една претстава во два дела (Прв дел: Стариот завет и Втор дел: Новиот завет) наменета за деца и возрасни или популарно „семеен жанр”. Претставата и покрај музичката форма, би инсистирала најмногу на (колку што е тоа возможно) точно и вистинито прикажување на најбитните моменти и на ниво на драматургија, но и на ниво на она што е и најважното во Библијата, а тоа се кодексите и вредностите на кои е темелена оваа цивилизација – вели режисерот.
Според Јаќијевиќ мјузикл, односно оперета, е идеален начин за поставување на сцена на „најважната книга на светот” од неколку причини.
– Пред се, поради тоа што оваа форма овозможува да ја збие драмската структура на обемната Библија, потоа затоа што овој жанр се уште е нов и недоистражен на нашите сцени па секогаш постои жед за него, и на крајот децата секогаш сакале приказните да им бидат раскажани со музика на сцената – смета Јанаќијевиќ, кој веќе во Театар за деца и младинци ја постави „Оливер Твист“ која е оперета.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст