| четврток, 6 декември 2018 |

Претепан ученик завршил во болница

zdravko

Деветнаесетгодишен ученик од Средношколскиот градежен училиштен центар „Здравко Цветковски“ во Скопје вчера претпладне, околу 10.45 часот, бил нападнат од двајца соученици.

Инцидентот го потврди и Секторот за внатрешни работи – Скопје.

Момчето било повредено и задржано на лекување, а полицијата, во присуство на нивните родители, разговарала со учениците кои го нападнале својот врсник. Според нив, причина за нападот било претходно меѓусебно недоразбирање и нетрпеливост. Против младите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Пред две години во истото училиште беше убиен 18-годишниот Мухамед Али Јашари, кој загина додека се обидуваше да го спаси својот другар Македонец од група насилници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top