| четврток, 6 декември 2018 |

Заев се сретна со директорот на ИФИМЕС

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска се сретна со директорот на Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии (ИФИМЕС), Зијад Бечировиќ, информираа од СДСМ.

zoran zaev1

На средбата се разговарало за актуелната политичка состојба во Република Македонија и процесите за демократизација на државата.

– Ја испративме пораката она што се случи во Македонија никогаш повеќе да не се повтори. Нашата цел е да ја нормализираме државата, да ги вратиме изгубените институции, демократијата, слободата, правдата, човековите права и да ја отвориме вратата за економски напредок на земјата. Ќе градиме отворено, демократско општество за сите – рече Заев.

Директорот на меѓународниот институт ИФИМЕС, Бечировиќ, рече дека на Македонија неопходен и е процес за враќање на правната држава, сличен на процесот во Република Хрватска.

Заев ја прифатил поканата официјално да го посети ИФИМЕС во Словенија, кон крајот на овој месец, а во рамки на посетата да одржи и предавање на овој институт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top