Доколку се прашувате дали бебето има доволно место во стомакот на мајката, замислете си само како им е на близнаците. Благодарение на снимката направена на Колеџот „Империјал“ во Лондон, сега можеме да видиме како тоа, навистина, изгледа кога две бебиња растат во една матка.
Имено, со помош на специјален скенер за магнетна резонанца, кој не се користи при вообичаените прегледи во бременоста, снимени се бебиња во матка од кои едното е малку поголемо, па изгледа другото бебе мора да се бори за своето место на секаков можен начин.
Снимката е направена во дваесеттата недела од бременоста.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.