| четврток, 6 декември 2018 |

Научниците се загрижени: На Земјата ѝ се заканува сценарио како од филмот „Денот по утре” (видео)

Научниците се загрижени поради тоа што на нашата планета Земја постојат подрачја каде што би можело да има непредвидливо менување на климатските услови.

Подрачјето што е обоено со сина боја на мапата подолу ги загрижува научниците. Тоа подрачје значи заладување, што е необично затоа што светот во глобала се затоплува. Дури и на прв поглед многу лесно е да се забележат сините подрачја на картата, која речиси е целата обоена во црвено.

Оваа климатолошка мапа со црвената боја ги означува подрачјата со повисока температура од просекот, додека сината боја ги означува подрачјата со пониска температура од просекот.

Синото подрачје на северниот дел од Атлантикот најмногу ги збунува научниците затоа што е едно од ретките места на светот каде што има значајно намалување на температурата. Посебно кога ќе се земе предвид тоа што глобалната температура константно расте. Во последните години е забележано опаѓање на температурата на Атлантикот, што е дијаметрално спротивно со ситуацијата на Тихи Океан.

Ураганот „Ел Нињо“ е виновен за големото затоплување на Пацификот, но научниците не можат со сигурност да утврдат која е причината за огромното загревање на Тихи Океан. Натпросечното затоплување на Тихи Океан создаде огромен број урагани, а оваа година за првпат во историјата беа забележани три активни урагани во исто време. Покрај тоа, се смета дека затоплувањето на Тихи Океан е директен виновник за огромната суша што ја погоди Калифорнија.

Атлантското студено подрачје се наоѓа во близина на Гренланд, а научниците сметаат дека топењето на мразот на Гренланд е делумно виновно за пореметувањето на циркулацијата на водата во Атлантикот (AMOC).

Имено, студената вода на морското дно тече кон југот каде што се загрева и подига кон површината со што го загрева западниот брег на Европа. Токму поради ова, португалски Порто бележи за неколку степени повисока температура од Њујорк.

Студената вода на северот на Атлантикот обично тоне на дното затоа што е погуста и на нејзино место доаѓа топлата вода од југот. Меѓутоа, истражувањата покажале дека огромна количина на слатка вода од Гренланд го спречуваат тонењето на студената вода и со тоа влијаат на (AMOC).

Слично сценарио се случува токму во популарниот филм „Денот по утре“. Во филмот глобалното време се менува за неколку дена, предизвикува торнада во Лос Анџелес и огромна бура  во Њујорк. За среќа, тоа е само филм, а научниците велат дека таквиот развој на случувањата е невозможен. Но, големите промени во Атлантикот и Пацификот дефинитивно даваат причини за загриженост.

На крајот на краиштата, влијанието на климатските промени и специфични подрачја со дијаметрално спротивна температура можат да влијаат на „нормалните“ океански струи, а сето тоа да резултира со драстично менување на климатските услови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top