Светска банка го одобри кредитот од 83 милиони евра за изградба на патот од Ранковце до Крива Паланка. Тендерот треба да биде објавен наскоро и напролет да почнат градежните работи.
Ова го истакна вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески при денешната посета на општина Росоман, истакнувајќи дека тоа е добра вест за жителите на Крива Паланка, Ранковце и цела североисточна Македонија.
– Ќе се изгради во еден дел нов експресен пат, а на еден дел ќе се направи реконструкција со што патот ќе биде безбеден за сообраќај и полесен за возачите- изјави вицепремиерот Ставрески.
Патот е во должина од 26,5 километри и ќе има по две ленти од двете страни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.