Никола тесла како најценет научник во светот остави зад себе изуми без кои светот не би бил тоа што е денес.
Имал повеќе од 700 заштитени патенти и новации. Неговото име е воведно во Домот на славни научници на Америка, а најзначајна награда во доменот на електрична енергија се вика “Награда Никола Тесла“, а ја доделува Советот на Електро инженери -ИЕЕЕ. Осум американски држави (Њујорк, Њу Џерзи, Пенсилванија, Колорадо, Невада, Минесота, Аризона и Индијана) го прогласиле роденденот на Тесла за државен празник. Тој ден, помеѓу другото, на сите јавни згради мора да се истакне државното знаме, а учителите во сите училишта еден час му го посветуваат на Тесла.
Тој зборувал голем број на јазици – српски, англиски, германски, италијански, француски, чешки, унгарски, латински и словенечки.
Тесла е роден на 10 јули во 1856 година во местото Смиљан во Хрватска која во тоа време била дел од Австријското царство. Никола завршил гимназија во Госпиќ и Карлвци, а електротехника студирал во Грац и Прага.
Што се однесува до приватниот живот, боледувал до опсесивно – компулсивно нарушување кое се гледало во опседнатоста со некои детали, на пример со бројот 3, па така три пати правле обиколка околу згрдата пред да влезе во неа, до тањирот имал три салфети пред оброк итн. Бил вегетаријанец. Бил номиниран за Нобелова награда која никогаш не ја добил. Починал на Божиќ во 1943 година во хотелска соба во Њујорк во сиромаштија.
Ова е неговата последна фотографија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ги видов минатото, сегашноста и иднината одеднаш: Експериментот на Никола Тесла за патување низ времето (видео)
-
Народот излезе на Плоштад Македонија во одбрана на името Македонија
-
Сексапилната бразилка: Мојот задник ќе ги предвидува резултатите на Светското во фудбал
-
Француска компанија ќе управува со белградскиот аеродром