| четврток, 6 декември 2018 |

Трамп: Сите сириски бегалци би ги вратил во Сирија

donald tramp

Републиканскиот кандидат за претседателска номинација Домалд Трамп изјави дека доколку биде избран за претседател ќе ги врати во Сирија сите бегалци, кои ќе пристигнат во САД, пренесува Танјуг.

– Доколку победам тие заминуваат назад, порача Трамп на митинг во Нов Хемпшир.

Трамп со оваа изјава малку го измени претходниот став. Тој на почетокот на минатиот месец за Фокс њуз изјави дека САД би требале да примат повеќе бегалци.

– Слушам дека сакаме да примиме 200 илјади Сиријци. Слушајте, но тие би можеле да бидат Исламска држава, рече Трамп, нарекувајќи ја таа група луѓе „војска од 200 илјади лица“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top