| четврток, 6 декември 2018 |

„Икона“ ја објави „И кој и да ме сретне…“ на грузискиот великан Отар Чиладзе

Во издание на издавачката куќа „Икона“ од печат излезе преводот на книгата „И кој и да ме сретне…“ од грузискиот автор Отар Чиладзе, еден од великаните на грузиската книжевност.

unnamed

„И кој и да ме сретне …“ е роман за „социјалниот“ човек во кој, сепак постапките на јунакот не се мотивирани од социјалните фактори на животот, туку, пред сè, од поривите и од страстите што свесно или потсвесно, најчесто ирационално, избиваат од застрашувачки меѓусебно отуѓени луѓе. Чиладзе на маестрален начин ги опишува ситуациите кога се доаѓа до привидно апсурдната помисла дека добротата го распрснува злото, или се констатира дека иднината на секоја убавина е нагрденоста. Тоа е роман – семејна хроника, во која всушност нема ни семејство, ни хроника.Роман во кој отелотворувањето на атмосферата преовладува над настаните, а над деталните, систематични описи на ликовите преовладува нивната глобална проекција, со што се доловува и отвора комплексот на филозофските проблеми на човековата егзистенција. И на крај, тоа е роман во кој проекцијата на секојдневното, смислено и чудесно шири низа впечатливи симболични детали.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top