| четврток, 6 декември 2018 |

Време за сите вкусови во првите 10 дена од месецов

ladno_esen_1

Го започнуваме овој октомври со тренд на намалување на облачноста и релативно сончев викенд на повидок. Според Метеопро во првите 10 дена од месецов нема да биде се така „глатко“ во поглед на времето, иако бројот на денови со суво време ќе преовладува во однос на деновите со врнежи. Сѐ до понеделник, 5ти октомври, деновите ќе бидат суви со најмала облачност во петок и сабота, кога можеме слободно да кажеме дека ќе имаме претежно сончево време. Можен е мал исклучок во западниот дел од земјата во текот на попладневните часови во сабота, но само со умерено зголемување на облачноста.

Во недела ќе биде претежно сончево, но во втората половина од денот се очекува постепено наоблачување од запад кон исток, без некои особени услови за дожд.

Понеделник очекува претежно облачно време. Од оваа облачност очекуваме нови, локални врнежи од дожд, но не се очекува значителна количина на наврнат воден талог. Врнежите прво ќе започнат во планинските региони, за во текот на ноќта кон вторник да се прошират во поголем дел од земјава.

Во втората половина од вторник, па се до среда претпладне облачноста ќе се намалува, но сеуште од истата може да се очекува сосема слаб и локален дожд.

Веќе од среда попладне да очекуваме ново поголемо разведрување кое би требало да потрае барем до сабота, 10 октомври.

Во однос на температурата, петок и сабота ќе бидат малку потопли, а максималната ќе има вредности во границите од 22°С до 25°С во поголем дел од котлините. Пораст на температурата се очекува во недела.Во понеделник ќе биде посвежо од недела за околу 2°С, а уште еден пад за нови 2°С се очекува во вторник.

Потоа, се до сабота не се очекуваат поголеми температурни промени.

Во овие 10 дена нема да има услови за појава на првиот есенски мраз!

Подетално на Метеопро

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top