| четврток, 6 декември 2018 |

Германски новинар предупредува: ИСИС подготвува нуклеарен холокауст

Германски новинар кој поминал 10 дена во т.н. Исламска држава, тврди дека екстремистите најсериозно планираат нуклеарен холокауст со кој најголем број од „неверниците“ ќе се збришат од лицето на земјата.

novinar-jirgen-isis-02-630x352

Јирген Тоденхоферн со години ја критикувал американската политика на Блискиот исток, па челниците на т.н. калифат процениле дека Германецот слободно може да ја посети Исламската држава и да се врати дома со главата на раменици.

Тој тврди дека ИСИС планира „нуклерен холокауст и дека сакаат милиони луѓе да ги избришат од лицето на земјата“. Вели дека ИСИС сака да го прошири калифатот низ целиот свет. Тоденхоферн тврди дека ИСИС му дозволил да престојува на нивното подрачје бидејќи тој остро ја критикувал американската политика на Блискиот исток, пишува „Дејли мејл“, кој се повикува на „Д Eкспрес“.

Новинарот тврди дека ИСИС сака да направи „нуклеарно цунами“ протв Западот и сите кои мислат поинаку од нив. Тој сето тоа го опишал во книгата “Внатре во ИСИС, десет дена во Исламската држава“.

Новинарот тврди дека тој и неговиот син кога влегле на подрачјето кое го контролира ИСИС морале да ги предадат своите телефони. Тој со месеци преку Скајп контактирал со припадници на ИСИС, пред тие да му допуштат да дојде кај нив.

– Видов видео со брутално отсечени глави, па пред да отидам на нивното подрачје направив тестамент. Луѓето таму спијат во урнатини, бараки, разрушени куќи. Спиев на под, вели Тоденхоферн.

Додава дека ИСИС објавува брутални снимки за да го прошири теророт и стравот и полесно да заземе некое подрачје. Вели дека ИСИС е најстрашната терористичка група која некогаш ја видел и дека тешко кој може да ги запре.

– Само Арапите можат да ги запрат, вели новинарот, кој тврди дека таа организација е многу поорганизирана и поопасна од што Западот е свесен за тоа.

– Исклучително се брутални. Велат дека сметаат дека треба да умрат 500 миилиони луѓе. Уверени се дека ќе ја добијат битката. Паметни се, организирани и опасни, а моралот им е многу висок. Планираат масакри и геноцид, сакаат да убиваат „неверници“, а нивните жени и деца да ги направат робови. Сакаат да ги убијат муслиманите кои промовираат деморатија. сакаат да го покорат светот, вели Тоденхоферн.

Тој разговарал и со Германец кој им се приклучил на џихадистите и кој му кажал дека ИСИС ќе продолжи да се шири и дека сигурно ќе ја покори Европа и дека ќе продолжат да им отсекуваат глави на своите заложници, бидејќи мораат да шират страв.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top