Сопругата на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ, Јелена, со својата убавина, шарм и пристојност ја освои целокупната јавност, па и светската елита. Сепак, скромноста се уште ја краси.
Таа за време на посетата во Белград изјави дека нејзината убавина доаѓа одвнатре, па не може да се спореди со најубавите жени во светот.
– Жените како мене ја ставаат убавината во втор план бидејќи убавината стана деградирана, ги уназадува, бидејќи луѓето гледаат низ убавина наместо низ знаење и квалитет. А дали некогаш сум се чувствувала така? Не, бидејќи јас себеси се доживувам како убава внатрешно, и тоа се вредностите кои сакам да се видат надвор. Верувам дека многу ќе се согласат дека не сум најубава во светот, но тоа мене не ме допира – изјави Јелена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст