| четврток, 6 декември 2018 |

Знаете ли што ќе ви се случи ако секој ден пиете една чаша со сок од домат?

Доматите  најчесто се користи за салати, чорби или сосови, но и како сок. Знаевте ли дека сокот од домат е најхранливиот облик на ова овошје?

paradajz

Сокот од домат содржи неверојатно многу активни состојки и доколку го пиете редовно, ќе почувствувате голем број позитивни ефекти за вашето здравје.

Полн е со витамини

Свежиот сок од домат е одличен природен извор на витамините А и Ц. Со редовно консумирање на сокот ќе спречи појавување на болести што се врзани за видот, ќе ви го зајакне имуниот систем и одржува здравјето на забите и на коските.

recept-za-sok-od-paradajza-i-cena-660x330

Го намалува холестеролот

Поради неправилниот начин на исхрана, сè поголем број на луѓе имаат  повисоко ниво на холестерол во крвта. Сокот од домат е богат со влакна, кои го зголемуваат нивото на добриот холестерол, а го намалуваат нивото на лошиот холестерол, благодарение на присуството на ниацин.

Ослободува од отрови

Нашето тело, за жал, стана склад за токсини и разни адитиви, со кои е преполна храната што ја јадеме. Доматот  содржи хлорин и сулфур, кои го потпомагаат работењето на бубрезите и на црниот дроб. Поради тоа доматот е најдоброто овошје кога е во прашање детоксикација.

982727fa793558e15c09b2363c4231ff-650x650

Ја стимулира работата на цревата

Милион луѓе во светот имаат проблеми со цревата. Доколку и вие имате проблеми со неправилни движења на цревата, сокот од домат ќе помогне. Тоа значи дека варењето ќе биде олеснето и дека нема да страдате од тврда столица.

Помага во борба со килограмите

Редовна консумација на сок од домат ја подобрува хидратацијата на организмот, а влакната што ги има во сокот, даваат чувство на ситост, што ќе помогне доколку држите диета. Исто така,  го снабдува телото со сите хранливи состојки и овозможува сите процеси во организмот да се одвиваат како што треба.

hitportal-sok-o-domat

Штити од болести на срцето

Доматот е богат со витаминот Б6, па неговиот сок е најдобар за превентива кога се во прашање болестите на срцето.

Го подобрува тенот

Сокот од домат можете и да го нанесете директно на кожата, однадвор. Ја спречува појавата на акни, ги отстранува дамките на кожата и ги затвора отворените пори.

Domaci-sok-sirup-od-paradajza-kao-lek-i-recept

Ги уништува слободните радикали

Со пиење на само една чаша сок од домат  дневно ќе ја спречите појавата на слободни радикали во телото. Слободните радикали се многу штетни молекули, кои, во крајна линија, може да донесат до појава на рак. Со оглед на тоа дека сокот  од домат е природен извор на антиоксиданти,  ќе ја запре појавата и дејствувањето на слободните радикали.

domat-hitportal

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top