Меѓу десетиците илјади бегалци од војната во Сирија, кои минале преку железничките станици во Европа, има многу такви кои не се ниту Сиријци, ниту пак се бегалци, но се надеваат дека ќе се влезат во масовната миграција и ќе си најдат влез на задна врата кон Западот.
Има добро облечени Иранци кои зборуваат фарси и кои тврдат дека се претставници на протеруваните језиди во Ирак. Има Индијци кои не зборуваат арапски, но велат дека се од Дамаск. Има Пакистанци, Албанци, Египќани, Косовци, Сомалијци и Тунижани кои доаѓаат од земји каде има доста сиромаштија и насилства, но нема војна.
Не треба да чуди што многу емигранти изгледа се претставуваат со истата слика. На крајот, наградата е можноста за социјална помош, жителство и работа во Европа, пишува „Вашингтон пост“.
Раководството во Германија и во другите европски држави велат дека се подготвени да им дадат азил на легитимните бегалци од земјите како Сирија, Ирак и Еритреја, но сѐ посериозно предупредуваат дека ќе одбијат многумина од економските емигранти кои доаѓаат на нивните граници.
– Ова што го гледаме тука нема ништо заедничко со барањето азил и безбедност – рече во понеделникот австрискиот министер за внатрешни работи, Јохана Микл-Лајтнер. „Ова е едноставно опортунизам“.
Многумина од оние кои бараат азил пред хуманитарните работници и новинарите велат дека се од Сирија, дури и да не се, со презумпцијата дека сириски чевлар од разрушениот од бомби Алепо ќе биде добредојден, а комјутерски специјалист од Косово не.
Се знае дека некои од емигрантите кои не се од Сирија си ги скинале своите пасоши во Турција или едноставно ги фалсификувале.
Неколку репортери – од кои за едниот арапскиот е мајчин јазик, ги обиколиле железничките станици во Виена и откриле многу новопристигнати чиј акцент не одговара на нивните приказни и чии истории не можат да се поврзат.
Меѓу таа река од луѓе имаше и сомнителни личности, луѓе кои признаа дека се престапници, приврзаници на Исламска држава, како и неколку мажи од Фалуџа од кои едниот беше со свежа рана од куршум и очигледно се збунија на прашањето што се по професија, тој и другите со него.
– Армија – рече едниот.
– Сите сме шофери – го поправи пријателот.
Бегалците велат дека фалсификуван сириски пасош може да се купи само за 200 долари. Репортер на британскиот весник „Дејли мејл“ си купил сириски пасош, лична карта и возачка дозвола за две илјади долари во Турција, на име на реално постоечки човек кој загинал во конфликтот.
Официјален извор од австриските служби за безбедност, кој побара анонимност, рече дека разработен црн пазар за сириски пасоши има и во Хрватска, Србија, Унгарија и во Австрија. Но повеќето доаѓаат во Виена без никогаш и да го покажале пасошот или некаков документ на кој било, и успеваат да се движат со реката од оние кои бараат азил. Властите по пат може да ги прашаат за име и за земјата од каде доаѓаат, но тие не даваат документ на службена проверка. Авантуристи лесно можат да се промолкнат преку границите едноставно преставувајќи се како Сиријци, честопати без да дадат било каков доказ.
Јавно има доста измамници, за што и самите Сиријци се жалат од нив.
Бегалците од војната во Сирија изјавија дека Европа со раширени раце ги пречекала, но дека измамниците брзо ќе го злоупотребат гостопримството на континентот и ќе им го земат местото, ако веќе и не го сториле тоа.
– Видете ги тие луѓе, што прават тие тука? Ние сме тие што бегаат од војна и од колежи, а сега тие луѓе ни го земаат местото, рече 62-годишниот Мустафа од Сирија. Тој застана да ѝ помогне на падната жена, давајќи им така на група Авганистанци место да дојдат преку ред.
– Не разбирам, мислев дека Европејците ги поканија Сиријците како нас, изјави еден од групата на Мустафа.
На виенската железничка станица Вестбанхоф, мажи застанале во ред пред касата за билети. Минале долго и тешко пативање. Сите имаа една цел – Германија.
Запрашани од репортер од каде се, тие договорија: „Од Сирија сме“. Кога репортерот прозборе на северноафрикански дијалект, мажите нервозно се насмеаја. „Алжирци сме“, признаа тие.
27-годишниот Хамза е од Алжир. „Илегалец сум, не сум бегалец“, рече тој. „Во мојата земја единствено со што можеш да се занимаваш се дроги и криминал. Неколку пат бев во затвор, за дроги, а исто и за обид за убиство“.
Хамза и другарите заминале за Турција затоа што каналската маршрута преку Сардинија е затворена.
– Патувавме со авион до Истанбул и после со автобус до Измир. Таму ги уништивме пасошите и се сместивме меѓу сириските бегалци. После се качивме на чамец од Измир до Грција. Од таму кон Македонија, Србија, Унгарија и сега сме во Виена, објасни тој.
Дали Хамза се чуствува виновен? Нималку.
– Сега е навистина лесно да се патува со тие бегалци. Добиваме храна и засолниште и добро прифаќање од луѓето, барем засега.
Тој рече дека сретнал Тунижани, Мароканци и Либијци кои ја играат истата игра.
– Затоа кога ќе не прашаат каде живеете? Велиме Дамаск. Од каде сте? Одговорот е Сирија.
Хишам Фарес е австриски хуманитарен доброволец на станицата, од либиско потекло е и раотел како преведувач помагајќи им на оние кои бараат азил да се снајдат во хаосот.
Има луѓе кои се обидуваат да ја искористат ситуацијата. Сум сретнувал Египќани кои тврдат дека се Сиријци, но дијалектот е египетски. Сретнував и луѓе од Мароко, Алжир, Тунис и Либија, кои сега летаат до Истамбул и потоа одат до Измир, каде ги уништуваат пасошите, рече Фарис. „Сум сретнувал и Палестинци кои живееле во логори во Либан, и кои сега тврдат дека се од кампот Јармук во Сирија. Многумина од нив велат дека имаат роднини во Германија и едноставно ја искористуваат ситуацијата за на крај да добија азил.
– Повеќето од тие луѓето велат дека ги загубиле пасошите, изјави Фарис. „Тажно е што цената ќе ја платат оние Сиријци кои навистина бегаат од војната“.
Друга група мажи застанале во ред за бесплатна храна и меѓу себе зборуваат на англиски јазик, но со индиски акцент.
Едниот рече дека се вика Хасан.
– Израсавме во Сирија. Татковците ни работеа таму многу години, рече тој.
Кога еден репортер им прозборе на арапски, мажите се насмеаја и му одговорија на англиски: „Никаков арапски, само англиски“. Прашани каде живеат во Дамаск, тие не можеа да одговорат.
Се извинија и си заминаа.
Исправени пред бранот мигранти кои се претставуваат дека се од опустошените од војни земји, европските власти се подготвуваат да ги заострат официјалните проверки, особено во влезните земји како Грција или Италија.
Ева Монкериј, портпарол на Европската агенција за контрола на надворешните граници (Фронтекс), рече дека властите користат преведувачи за да ги проценат дијалектите, како и географски и други прашања за да ги откријат оние кои се преправаат.
– Со службениците работат преведувачи и тие поставуваат прашања, рече таа. „Ако некој тврди дека е од Сирија, а не може да каже која е локалната валута или која е главната улица во Дамаск, се појавуваат сомнежи за дадената од него информација“.
Монкериј рече дека Фронтекс ќе го удвои персоналниот состав во Грција на најмалку 140 луѓе, мерка која може да и помогне на агенцијата да открие повеќе лажни бегалци. Оние кои ќе бидат идентификувани како такви, посочи портпаролот, треба да бидат задржани и предадени на брза депортација.
Но Грција е задушена со толку многу луѓе, што многумина и успеваат да се промолкнат.
Повеќето економски имиранти и бегалци од војната кои дошле во Виена велат дека дошле без да ги снимат, да им земат отпечатоци или да бидат подложени на биометриски котроли. Некои од новодојденците ќе поднесат молба за останување, аргументирајќи ја со закана од тромозење заради потеклото и религијата, други може да побараат да се спојат со роднини кои веќе се во Европа. А некои може и никогаш да не се обидат да добијат законско жителство и да останат да живеат во илегала.
Ќе бидат потребни месеци додека се откријат нивните истории.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)
-
Војници на АРМ стрелале во воздух на границата со Грција за да спречат нелегално минување на мигранти