Северна Кореја подготвила за лансирање две ракети со среден дострел на мобилните лансерски рампи и ги сместила на тајна локација во близина на источниот брег, велат воени извори од Сеул, пренесува РТ.
На почетокот на неделава Северот преместил со воз две Мусадан проектили и ги сместил на мобилни лансирни рампи, пишува јужнокорејскиот весник цитирајќи воен извор.
Не е јасно дали севернокорејците ги разместиле ракетите за тестирање или за воено дејствување.
Министерството за одбрана на Јужна Кореја вчера потврди разместување на еден проектил, но не ги коментирало последните известувања.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


