Вечното дерби на македонскиот фудбал меѓу Вардар и Пелистер денеска од 17 часот ќе ја има првата епизода од двомечот во осминафиналето на националниот куп.
Домаќин на „Филип втори“ арената е Вардар, екипа што е фаворит, иако во ваквите мечеви предноста на хартија не значи ништо.
Актуелниот бранител на трофејот Работнички ќе му гостува на Гостивар од 15,30 часот, а во тој термин се играат уште шест натпревари.
Двојки, 15,30 часот: Гостивар – Работнички, Брегалница – Шкупи, Македонија Ѓ.П. – Љубанци, Ренова – Силекс, Шкендија – Металург, Турново – Скопје, Влазерими – Младост Царев Двор.
Од 17 часот играат Вардар и Пелистер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.