| четврток, 6 декември 2018 |

Воениот рок во Северна Кореја е вистински кошмар

Во Северна Кореја и мажите и жените служат војска, со единствена разлика што мажите служат 10, а жените седум години. Специјалните единици на личните чувари на Ким Јонг ум во војска остануваат дури 13 години.

222750330560bc2fc95435092208828_v4_big

Во војска се заминува веднаш по завршување на средното училиште. Оние кои студираат, војската ја завршуваат по школувањето. Со универзитетска диплома може да добијат пет години војска, а оние што завршиле и се стекнале со титула инженер или пак завршиле научни студии, во војска остануваат три години.

Војниците кои служат во специјалните единици се добро згрижени, а оние кои се стационирани надвор од главниот град Пјонгпанг добиваат само два-три компири на оброк или се хранат со сурова пченка или ориз. Многимина од нив се слаби и гладни и очајнички сакаат да побегнат.

Се зборува дека некои официри дури и им наредуваат на војниците да крадат. Ако не успеат, ги казнуваат, пишува „Гардијан“.

Поради неухранетост, често ги отпушаат војниците дома за да заздрават. Многумина не можат ни да одат сами, па родителите мора да им помагаат. Откако повторно ќе застанат на нозе, се враќаат назад во војска.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top