| четврток, 6 декември 2018 |

Кумановец запрел автобус за да го претепа возачот

Четириесет и шестгодишниот Г.М.(46) од Куманово заработи кривична пријава од кумановската полиција за насилство.

На 7-ми овој септември, околу 19,30 часот кај местото Бара во Куманово, пријавениот управувајќи патничко возило „фолксваген туарег“ му го попречил патот на автобусот на компанијата „Штуз“ управуван од Б.С.(62) од Куманово, по што и физички го нападнал удирајќи го во пределот на телото.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top