Погледот, бојата и обликот на вашите очи можат да кажат многу за вашиот карактер. Дека очите се огледало на душата се знае многу оддамна. Уверете се уште еднаш дека тоа е така.
Сини очи
Тие се истовремено и атрактивни и многу чувствителни, но и страствени и многу интуитивни. Од друга страна,личностите со сини очи ги карактеризираат трпеливост и ретко кога ги искажуваат своите чувства. Тие се жестоки борци за правдата и подготвени се да кажат што мислат без оглед на последиците. Тие се многу енергични, комуникативни, но имаат недостаток на самоконтрола и тешко ја контролираат љубомората.
Зелени очи
Тие се постојани и храбри. Секогаш се спремни на сѐ и ретко што може да ги изненади. Сакаат да експериментираат и секогаш имаат оригинални идеи. Амбициозни се и сакаат сами да си го постигнат успехот. Во врската се верни и искрени. Но, кога не се во врска уживаат во флертот и забавата. Тие се искрени пријатели. Знаат да бидат многу дискретни и наклонети кога најмногу ви се потребни.
Кафени очи
Тие се разумни, бистри и мудри. Не поднесуваат авторитет и често изгледаат како да немаат почит кон другите. Од друга страна се многу чувствителни и енергични, секогаш го кажуваат она што го мислат заради што пријателите, колегите и претпоставените најмногу ги ценат .Сакаат да остават впечаток на храбра личност. Добро се снаоѓаат во повеќето ситуации и многу лесно можат да најдат решение на проблемите. Колку се одговорни, сериозни и смели на работа, толку се страсни и склони кон експериментирање во кревет. Кога се запознаваат со некого, на почетокот се дистанцирани и не се отвораат лесно кон непознатите.
Црни очи
Тие се ретки и затоа предизвикуваат големо внимание. Тие се храбри, креативни, енергични, сексипилни, имаат голема љубов кон уметноста и кон животот. Сите животни удари ги дочекуваат на нозе и насмеано. Имаат многу цврст карактер и став за кој зборуваат отворено и без срам. Во љубовта се секогаш доминантни. Полни се со самодоверба и се добра поддршка на своите пријатели.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.