| четврток, 6 декември 2018 |

Недостигаат инструктори-волонтери за терапевтско пливање

Потребни се повеќе инструктори-волонтери за терапевтско пливање чии часови двапати во неделата се одржуваат во базенот кој е дел од СЦ „Борис Трајковски“, беше речено на денешната прес-конфренцијата.

unnamed (3)

– Скоро повеќе од четири години во базенот трае проектот за терапевтско пливање ,,Слобода во вода“. Овој вид на пливање кој што се однесува на лицата односно децата со посебни потреби е плод на заедничката соработка на на СЦ „Борис Трајковски“ и Здружението „Дајте ни крилја. Водата како средина пред се ги релаксира мускулните групи, а преку комплекс на вежби ги зајакнува оние мускули кои децата на суво и во секојдневието не можат да ги активираат заради нивната попреченост, ја подобрува социјализацијата на децата, ги опушта спазмите и го подобрува психомоторниот развој кај децата со нетипичен развој. Програмата се извршува преку проект координаторот Катарина Ивановиќ – тренер инструктор по терапевтско пливање по методата Halliwick и уште 30 тренери, волонтери. Поради важноста за реализација на овој проект и програма е неопходно да има континуитет и да се одржува во текот на целата година, а најважно е пред се да се пријават нови волонтери кои би им помогнале на дечињата да имаат посреќен и полесен живот. Терапевтското пливање е наменето за децата и возрасните со Даунов синдром, Аутизам, Хиперактивност, Церебрална парализа, Забавен психомоторен развој, Мускулна дистрофија – изјави директорот на СЦ „Борис Трајковски“, Златко Перински.

Секое дете има по два термина неделно (понеделник –среда или вторник –четврток) и има право да доаѓа два месеци, со цел да можат да отпочнат со работа и останатите лица кои се веќе на листа на чекање. Некои од дечињата двомесечниот циклус го поминуваат и повеќе пати.

Изминатите скоро пет години во базенот доаѓаа околу 300 деца, но и возрасни. За сето ова време интересот растеше, а најважно е тоа што во терминот од 16 часот до 17 часот лицата со нетипичен развој имаат можност да добијат без никаков надоместок еден час вежби, рекреација, социјализација за подобрување на нивната состојба – изјави претседателот на здружението, „Дајте ни крилја“ Ребека Јанковска Ристески.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top