| четврток, 6 декември 2018 |

Скандал: Во Куманово нема роднина на Дамјановски што не е вдомен во локалните институции

Во Куманово нема роднина на Дамјановски што не е вдомен во локалните институции. Братучеди, кумашини, цели семејства вработени во општината и локалните институции во Куманово, кои Дамјановски ги претвори во ДООЕЛ Дамјановски, пишува „Нетпрес“.

Додека Општината Куманово се дави во долгови, општинските претпријатија врзуваат едва крај со крај, а граѓаните се жалат поради неработа и нефункционирањето на локалната власт, нема роднина на Дамјановски и нема близок соработник на Дамјановски чија фамилија не е вработена во локалните институции. Во општината, јавните претпријатија и училиштата нема канцеларија каде нема роднина на Дамјановски и неговите најблиски соработници.

За способните нема место во општинската администрација, единствен критериум за вработување е партиската книшка на СДСМ роднински и пријателски врски со Дамјановски. Куманово е претворено во пашалак на Дамјановски и СДСМ.

Општина Куманово се дави во проблеми, граѓаните редовно бараат решавање на со години натрупаните проблеми, а градоначалникот Дамјановски и институциите под општината не превземаат ништо за решавање на проблемите на граѓаните. Во Куманово се погласни се размислувањата дека неможе да се очекува општината и локалните институции да ги решаваат проблемите од причина што и општината и локалните институции се претворени во места за згрижување на роднините и блиските луѓе на Дамјановски. Јавните претпријатија велат кумановчани се претворени во приватни компании на Дамјановски и неговите соработници. Сите други граѓани во Куманово за локалната власт се граѓани од втор ред.

Како што велат граѓаните на Куманово, примерите за тоа се огромни.

Сопругата на првиот братучед на Дамјановски Билјана Дамјановска е финансовата директорка на ЈП Водовод додека пак нејзиниот сопруг, братучед на Дамјановки, Горан Дамјановски е вработен во јавното претпријатие Пазаришта во кое работи и кумашинката на Дамјановски Маре Костовска инаку мајка на претседателот на општинската организација на СДСМ во Куманово Мартин Костовски кој пак работи во општината Куманово. Во Јавното претпријатие Водовод работи братучетката на Дамјановски Мери Јанковска, па се стигнало да се вработи и синот на фотографот во општината Ангел Јакимовски, чија мајка инаку братучетка на сопругата на Дамјановски Ленче Јакимовска е вработена во градинката Ангел Шајче со што Дамјановски успеал да ја згрижи целата фамилија Јакимовски.

Во Јавното претпријатие „Чистота и зеленило“ се сместени првиот братучед на Дамјановски Момчило Дамјановски, кумата на Дамјановски Верче Трлин,  како и кумашинот на Дамјановски, Драган Живиќ, чија сопруга пак е вработена во основното училиште Толи Зордимус а во економското училиште е вработена ќерката од братучед на Дамјановски, Елена Крстевска. Згрижен е и поранешниот директор на јавното претпријатие Куманово гас Никола Денковски. Сопругот на првата братучетка на Дамјановски Момчило Дамјановски после директорувањето во јавното претпријатие е оставен таму, сега како советник.

Во општината каде веќе работат синот и ќерката на братучедите на Дамјановски Нена и Емил Ташевски, како архитект и општинска администрација, е вработен и поранешниот директор на Водовод, кумашинот Виктор Божиновски, сега во улога на раководител на правниот сектор, а неговата сопруга е секретар во основното училиште 11 Октомври.

Граѓаните на Куманово велат дека ова е само мал дел од примерите за кои како што велат може да се говори со часови. Едноставно Куманово е претворено во пашалак на Дамјановски и само неговите најблиски имаат право и на вработувања и на привилегии од општината, а останатите се дават во проблеми и се граѓани од втор ред.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top