| четврток, 6 декември 2018 |

Љубовен хороскоп за октомври 2015: Ѕвездите нема подеднакво да им бидат наклонети на сите знаци

Ѕвездите нема подеднакво да им бидат наклонети на сите знаци во Зодијакот за време на октомври 2015 година. Некои ги очекува потполна нирвана и ренесанса на љубовните односи, додека пак другите ќе ги тресат големи турбуленции што може да донесе до големи последици во иднина.

ljubavni horoskop_1378286841_670x0

Откријте што го очекува вашиот емотивен живот во иднина.

ОВЕН

Октомври е позитивен период за емотивниот живот за припадниците на овој  хороскопски знак. Често е бидете излезени и ќе се движите во различни кругови, а тоа пак на оние кои не се во врска ќе им влијае на брза промена на емотивниот статус. Сепак, колку и добро да се чувствувате во новото опкружување не ги покажувајте веднаш сите карти на маса.

Своите мисли и идеи барем во прво време сочувајте ги за себе, ќе почувствувате кога е вистинското време да ги поделите со потенцијалниот партнер. Што се однесува на оние кои се во брак или врска, вистинско време да го освежите односот со сопружникот/партнерот. Ниту една врска не трпи монотонија, искрените чувства треба постојано да се развиваат бидејќи токму стагнацијата во бракот или врската предизвикува да правите големи и прилично непотребни лудории надвор од неа.

БИК

Долго време не ви одеше во љубовта но овој месец доаѓаат вашите 5 минути. За Биковите кои се во брак последните 2 години беа прилично тежок период. Доколку вие и партнерот го поминавте тој тест на издржливост, сега конечно можете да уживате во хармонични односи. Доколку веќе извесно време сте сами во октомври доаѓа до целосен пресврт, Аморовата стрелка  ќе ве погоди со сета сила, а сосема е извесно дека романтичните уживања ќе добијат  на интензитет во ноември.

Од 24 до 27 октомври ќе блескате од сексапил па овој период ќе го запаметите како оној во кој сте биле сексуално најактивни во втората половина од оваа година.

20006_ljubav--foto-01-Public-Shutterstock_iff

БЛИЗНАЦИ

Да не се лажеме, ѕвездите не им се наклонети на Близнаците. Љубовните аспекти за овој знак не се толку позитивни но гледано од одредена временска дистанца, Близнаците ќе се сеќаваат на овој период како интересен. Самците ќе се впуштаат  во површни врски, додека зафатените ќе мора да ги решат недоразбирањата кои ќе се им случуваат во првите десет дена од октомври.

Доколку тоа не го сторат, може да дојде до сериозни проблеми кои нема да може да се решат без интервенција од некој од страна. Бидете рационални и не дозволете да бидете водени исклучиво од емоциите, бидејќи тие можат понекогаш да ве однесат на крив пат. Слушајте го партнерот и обидете да ги согледате работите од негов агол.

РАК

Секогаш сте практични кога станува збор за емоции, а во октомври тоа ќе биде уште повеќе изразено. Ќе ве привлекуваат  личности кои прават добрини и ги делат вашите интереси, а можно е во новата емотивна приказна да влезете со некој од работното место.

Кај вас нема задкулисни работи и тактики, пред потенцијалниот партнер излегувате со чисто срце и без влакно на јазикот. Бидејќи Сатурн, вашата планета на љубовта, конечно се придвижи напред, се укажува дека стабилните врски е напредуваат, но носталгичноста по која се познати Раковите ќе биде уште повеќе изразена во октомври.

ljubavni-horoskop-1

ЛАВ

Иако Лавовите пукаат од самодоверба во октомври  таа ќе им недостасува. Поради проблемите со партнерот кои настанале во претходниот период морате да поработите на храмонизација на односите. Повеќе гледајте се себе си и својот приватен живот наместо да преземате одговорност за постапките на членовите на семејството и пријателите.

Сите недоразбирања со партнерот решавајте ги веднаш наместо да ги одлагате бидејќи може да дојде до големо нарушување на односите. Иако на преемотивните Лавови ќе им изгледа дека се појавуваат дупли пречки поради здруженото влијание на Уран, Венера и Марс, тоа не е причина да се откажете туку да вложите 200 отсто сила сите тековни проблеми да ги решите токму во октомври.

ДЕВИЦИ

Ќе изгледате одлично, ќе плените со шарм и просто е бидете неодоливи за спротивниот пол за време на октомври но на вас, Девиците тоа како да нема да ви биде доволно. Нептун вашата планета на  љубов, е ретроградна што ќе влијае да се оддалечите од саканата личност но и евентуални проблеми со партнерот нема да имаат врска со вашата појава или магнетизмот со кој е зрачите.

Помалку себична црта на Девиците ќе биде повеќе изразена во октомври што ќе резултира да вашето внимание го насочите во купување на облека и накит  наместо на потенцијални можни врски. Штета затоа што за слободните Девици ова е одличен период за почнување на романса, но заинтересираната страна сепак ќе мора да причека.

zodiac-sign-love-compatibility

ВАГА

Се што се случува во октомври е резултат на вашите претходни постапки, било позитивно било негативно.

Но, доколку им се верува на ѕвездите, овој период за Вагите би требало да биде исклучително хармоничен и бајковит.

Тоа што е важно да го запомнат Вагите е дека не смеат да гледаат наназад и да се присетуваат на минатото, затоа што многу брзо би можеле да изгубат допир со реалноста и да престанат да се фокусираат на тоа што е навистина  важно во сегашноста. Најважно е да се опуштите и фокусирате на иднината бидејќи ве очекуваат изненадувачки добри резултати.

СКОРПИЈА

Припадниците на овој знак нема за што да се грижат  за време на октомври, бидејќи ги очекува успешен период на емотивен план. Тоа што е најважно за Скорпиите е да обрнат внимание на расположението на нивниот партнер, особено да бидат внимателни во период  до 13 октомври,кога негативната енергија на Месечината  може да ги сруши бариерите кои Венера ги поставила.

Поради тоа може да се очекува дека е дојде до големи  промени на расположение, како  кај вас така и кај партнерот. Сепак, тие краткотрајни падови и осцилации не се закануваат генерално да ви ја загрозат врската, само ќе помогнат таа да се развива во подобар правец.

ljubav-skandalozno6

СТРЕЛЕЦ

Со еден збор, љубовните релации на Стрелците во октомври ќе бидат подносливи. Меркур, вашата планета на љубовта, и Венера ќе работата овој месец со здружени сили во вашиот знак. Доколку сте слободни, улогата на Купидон во вашиот живот ќе ја играат вашите блиски пријатели. Тие ќе ве запознаат со нови лица но ќе ви даваат и добри совети.

Така е можно со некој со кој се дружите веќе подолго време да конечно излезете од пријателска зона. На Стрелците во стабилни врски и бракови  им се препорачува да се смират во партнерските односи 22,23,25 и 26 октомври и да избегнуваат  недоразбирања и расправии во тие денови.

ЈАРЕЦ

Октомври не е најдобар месец за припадниците на овој хороскопски знак. Како врз нивните партнерски и семејни односи да нависнале темни облаци. До нарушената хармонија може да дојде само затоа што не ги одбирате зборовите со кои им се обраќате на оние кои ви значат. Вашето право е да го кажете мислењето но водете сметка како комуницирате да не дојдете до трајно нарушување на односите.

Наместо тоа обидете се повеќе време да поминувате со партнерот , а ѕвездите предлагаат заминување на краток излет бидејќи тоа ќе ве донесе до повисоко ново. Во случај вие да не сте иницијатор на расправијата, обидете се бидете што е можно пољубезни и внимателни без оглед што и да ви зборува другата страна.

ljubavnni1

ВОДОЛИЈА

Турбулентен период за родените во знакот на Водолија, поради тоа што се големи шансите на мала врата во вашиот живот да влезе некој кој може во целост да ви ги измеша приоритетите. Во прашање е драматична промена која може да доведе до тоа да почнете сериозно да размислувате да го напуштите семејството или да раскинете со сегашниот партнер.

Пред  припадниците на овој знак ќе се постави голема и тешка дилема но најважно е да постапуваат во склад со нивната совест. Крајот на месецот донесува смирување и неочекувани пријатни изненадувања. Не плашете се од непознатото, ослободете се и не зависите од мислењата на другите бидејќи сепак ова е само ваш живот.

РИБИ

Претставниците на овој знак на почетокот на октомври ќе имаат чувство дека можат да ги решат сите проблеми на овој свет , но би им било попаметно својата енергија да ја фокусираат на своите блиски. Пред се обрнете внимание на партнерот, дајте му поддршка но не го тргајте од вашите проблеми колку и да ви изгледаат глупави.

Меѓутоа, постои и голема можност да започнете врска од страна. Дали тоа навистина ќе го сторите или се ќе остане во домен на мечтите зависи исклучиво од вас.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top