Почина доајенот на телевизиската документарна програма, Иван Митески-Копола. Замина тивко без никој да го чуе, што не е својствено за неговиот живот исполнет со светлините на медиумот. Неговите филмови ја скенираа човековата душа. Болката и осаменоста, но и љубовта и разбирањето. Беше предводник на познатата скопска телевизиска документарна школа.
Си замина нашиот Копола. Во рана есен, годишната доба што најмногу ја сакаше, зашто боите на есента се вселенски и филмски.
Доајенот на телевизиската играна и документарна програма ги направи филмовите „Време на летала“, „Заминување од Пасквелија“, „Трето доба“, „Децата на светот“, „Црвениот трендафил на Скопје“. Направи и стотици документарци и ги освои бројните признанија низ светот, а документарецот „Глас“ влезе во банката на податоци на УНЕСКО. Неговите колеги велат- споменот за него се неговите дела- беше скромен и мил, бескрајно интересен и духовит човек.
-Иван Митевски-Копола всушнот е брендот – синоним за она што се нарекува континуитет и цврста основа на играната и на документарната програма во МРТ – вели режисерот Аљоша Симјановски.
-Извонреден професионалец, грижлив родител, извонредно интересен по својот филмски опус. Неговата смрт е огромна загуба за целото македонско гледалиште, за Македонската телевизија – вели Кирил Тренчевски, раководител на одделение за планирање.
Беше предводник на познатата скопска телевизиска документарна школа. Ги препознаваше младите телевизиски таленти и ги воведуваше во еснафот. Беше близок соработник на најистакнатите дејци во Македонската телевизија. Заминувањето е миг, остануваат делата. Патувај мирно и спокојно, Копола.
Извор: МРТ
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст