И социјалната мрежа која има речиси 1,5 милијарди корисници мора некогаш да откаже, но кога тоа ќе му се случи на „Фејсбук“ трипати за помалку од две недели, тогаш нешто сериозно не е во ред.
Последното глобално крахирање на „Фејсбук“ се случи во понеделникот навечер и траеше нешто повеќе од половина час. Олкав дефект не е регистриран во последните четири години, а објаснувањето е „проблем со конфигурацијата“.
– Извинете, нешто тргна наопаку. Работиме на тоа и ќе го поправиме најбрзо што можеме – гласеше пораката на екраните додека траеше поправката.
Поради проблемите не беа бесни само корисниците, туку и инвеститорите, бидејќи вредноста на акциите на „Фејсбук“ падна за четири проценти. Само четири дена порано „Фејсбук“, не функционираше 15 минути, а проблеми имаше и на 17 септември.
Покрај официјалното објаснување, се јавија и некои теории за причините за проблемите. Една од нив е дека „Фејсбук“ бил изложен на ДДоС напади на кои биле изложени и други сајтови во изминатиот период. Имаше и теорија на заговор според која сето ова е поврзано со ажурирањето на шпионскиот софтвер на ЦИА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.